Со други зборови велиш воопшто да не се изучува историјата како предмет?...како и на сите останати живи битија, потеклото е органско.
Копањето по темните понори на историјата со цел луѓето да си дадат вредност на самите себе е самоизмама. Општествено прифатена, но сепак измама.
Колку треба човек да нема индивидуален идентитет до таа мера за да се поистоветува со истории во кои ниту учестувувал ниту бил присутен? Кои немаат никакво влијание на квалитетот на неговиот живот? Да е во судир со други групи луѓе кои патат од иста самоизмама?
Со други зборови велиш воопшто да не се изучува историјата како предмет?
Еве хипотетичко прашање - што ако се повтори таа историја поради несакањето а подоцна и заборавањето за случките порано што се случиле? Како што вика и цитатов - “Those who don't know history are doomed to repeat it.”― Edmund Burke
This.Антички македонци или словени?
Вака поставено, кофигурирано и формулирано, прашањето е смешно онолку колку што сме сите ние (Македоните) неиформирани.
Ние Македонците, сме првично потомци на Античките Македонци, потоа сме и со Словенско потекло.
Не можеш да прашаш што сме ние, затоа што кога словените пристигнале во Македонија во 6 век, тука веќе имало староседалци и постоечки народ.
Друга работа, што се однесува до словените, очигледно не знаеш дека таа теза (ТЕЗА - научно не е докажано. Како што е ТЕЗА на Дарвин дека сме постанале од Мајмуни, како што е теза дека има или нема вонземски свет) ја пуштил во промет Швабата Густав Дројсен во 18 век. Неговата теза е сама по себе контрадикторна, зашто на ова наше подрачје има „Словенски“ артефакти кои датираат од 2, 3 век.
Во Русија (и на Факултетите по историја) се учи дека Русите се дојдени од зад Карпатите, што од нивна страна гледано Балканот. Црногорски Монах во своите мемоари има напишано дека голема маса народ се преселува од југ кон север.
Дали ти мислиш дека Словените (Номадско Племе) било толку моќно да ја порази Византија и да ја насели и асимилира така лесно?
Што значи, ние сме Антички Македонци.
Учете историја браќа и сестри, заради нашата неедуцираност сме дојдени до ова дереџе.
Многу е страшно кога црвот на едно битување гриза директно во сомнежот на коренот.
Уште пострашно кога тој сомнеж ги снебитува самите дрвја, чии плодови не ја признаваат сопствената почва каде што вирее коренот.
Мачно и горко ми е на душата кога некои персони, со сместени дебели задници во фотељи плукаат во креирањето на античко патриотско чувство.
Кога држат предавања за нашите наводни вистински никулци.
Бљак!
Продадени, ситни души...
Пред вистината и Боговите молчат.
Македонски е поим кој ја опишува целокупната моја и на мојот народ суштина на живеење..од Александар до денес.
Нека пукнат душманите!
Науките (посебно општествените) секогаш биле орудие/непресушен извор за потпалување на големи маси. Психолошки човекот кога е манипулиран емоционално (дали преку фамилија, пријател, идеологија) - во корелација на некаква припадност, спремен е да направи се`. А тоа е затоа што човекот како единка не може да опстане и да еволуира.
Според твојава констатација, имам доем дека сите ние живееме во некоја бајковидна романса што ја создава еден дебел, зелен вонземјанин додека закиснува јамболии во када...Историскиот континуитет е измислица. Тоа што е популарна по целиот свет (пример, Кралот Артур=британски јунак, Будика=британска хероина) не ја прави помала измислица.
Според твојава констатација, имам доем дека сите ние живееме во некоја бајковидна романса што ја создава еден дебел, зелен вонземјанин додека закиснува јамболии во када...
Да, ние сите, значи глобално сме само дел од фантазијата на некое вонземско битие, без историја, без корени, голи и боси, оставени на милост и немилост на способноста за творење на неговиот зелен ум.
Ок.