Разлики помеѓу македонските жени и оние од странство

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
najubavi zeni na svet toa bi bile brazilkite, argetinkite i od venecuela
sum imal prilika do sega vo mojov zivot da se zapoznaam so anglicanka, germanka, holaganka, Irka, finka, albanka bas od albanija, (ima golema razlika od nasive albanki veruvajte )
nase si e nase :), poubo i pokvalitetno nemat :D
ne si go lazete umot so neoj si strankinji
Најубави не(бразилките)
Тела имаат убави ама во фаца се ружни.
Гррррр...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Искрено да ви кажам, воопшто не сум импресионирана од женскиот род под нашево поднебје.
Да бев машко, ќе бев глупак и шовинист, ама оти сум женско, веројатно сум љубоморна крава или слична домаќа животиња...
Нејсе, дека имаме саглам жени, имаме, ама се ретки ко шишките на Милошоски, и дури и јас ко женско се лигавам на таквите.
Не дека сме полоши од остатокот од светот, ама имаме тешка балканска жичка, и барем женине од западнине краеви не се поистоветуваат со хитовЕте и убавините на Сека, Бубамара и Гергана. За тоа им завидувам. Од друга страна пак, тие ги имаат Кардашианки и Хани Бу-Бу... (worried)
Лошото кај нас е што се обидуваме да живееме некој западњачки стил на живот, но не можеме да ги искорениме балканските примеси, и тука настанува попарата, па ондаК ја имаме Луција (рандом име) чиј идол е Цеца, а се влажни на Шако Полументал, и сака да биде фотомодел...евентуално продавачка во локален бутик каде што ќе може за едно излегување да носи гардероба со етикета, па да ја врати утредента. На запад ако те фатат така - леташ од работа, затоа самосвеста на жените таму е подигната на тоа поле, плус си имаат и каде-каде поголеми плати, па можат да си дозволат, за разлика од нашава Македонштина што сака да се покаже, а нема со што. Култура ни фали т.е. ни фалат настани што го поттикнуваат културното во нас. Та сигурно ако сум Австријка од Виена, нема да одам на фијаското на Карлеуша за двајца без тројца, ами ќе појдам на некоја претстава, во некој музеј да прошетам, а овде кај ќе најдеш по помаливе гратчиња музеј?
Трчај, трчај, сопни се од кафана од која селското ти ја потопува душата.
И дај молим те, 30+ годишни безработници што се лигават ко малолетни по социјалниве мрежи, само кај нас има. И не ги кривам нив, туку пак тој западњачки стил на живот што го посакуваат, и фактот што и да сака човек да работи, работа сите знаеме на денешно време како се добива, па мора некако да се тепа време.
За физички изглед, не сме најубави на свет, ама имаме убави жени, и те како убави, само што голем дел не знаат да го истакнат тоа убавото, или го истакнуваат на лош начин обидувајќи се да играат на карта на провокативност (читај: кич), што пак потекнува од балканскиот менталитет. Од друга страна пак, генералниот стил на Британките е ко уште да се заглавени во 80ти, што пак не е нешто најсјајно.
Може на темава да се расправа и да се прават паралели до бесконечност, и секогаш ќе има различни, поделени мислења, ама во кратки црти, тоа е она што за мене е/било апла забележливо кај нашиве.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Значи прочитав неколку коментари...
Има некои кои мислат дека македонките
претеруваат со облека шминка...
Ако жената е несредена тогаш е глупава,
зошто не се средува,ако е средена пак
зошто се средува не гледа дома ништо...
И ред други малограѓраѓански (балкански) мислења...
Ова размислување важи и за машките и за женските...
Некои коментирале дека не се сите
исти дека не треба во ист кош да
бидат сите дека се најубави и итн.
Но,зошто мислите дека се е во изгледот,можеби треба да се пофалиме
малку и со паметот.. Или не?
Жените во странство се образовани и имаат кариера,и со тоа
се подруги во очите на другите.Зошто балканските жени
се научени дека бракот е свет и таа треба да биди домаќинка и да
му служи на мажот. Ако магарето за нејзиниот маж лета,и за неа ќе лета.
Но и јас ќе кажам има исклучоци можеби личи како клише ама има.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Значи прочитав неколку коментари...
Има некои кои мислат дека македонките
претеруваат со облека шминка...
Ако жената е несредена тогаш е глупава,
зошто не се средува,ако е средена пак
зошто се средува не гледа дома ништо...
И ред други малограѓраѓански (балкански) мислења...
Ова размислување важи и за машките и за женските...
Некои коментирале дека не се сите
исти дека не треба во ист кош да
бидат сите дека се најубави и итн.
Но,зошто мислите дека се е во изгледот,можеби треба да се пофалиме
малку и со паметот.. Или не?
Жените во странство се образовани и имаат кариера,и со тоа
се подруги во очите на другите.Зошто балканските жени
се научени дека бракот е свет и таа треба да биди домаќинка и да
му служи на мажот. Ако магарето за нејзиниот маж лета,и за неа ќе лета.
Но и јас ќе кажам има исклучоци можеби личи како клише ама има.



od ovie komentari 2 do 3 sto gi procitav od vas devojcinjata moze da se zakluci deka vie samite ne ste zadovolni od sebe si (ova gerelano zemeno , ne mislam kako tvoj licen problem nego aktuelen na zenskiot del od nasava populacija )
se nesto deka ovie strnkinjive bile poeducirani, poizlezeni ne znam kakvi se ne ..
Veruvaj vo golem del strankinjive ili se zabegani ili ne znaa sto sakaat so svojot zivot
na nasive devojki apsolutno nisto ne im fali i falu mu na boga so gore dolu e taka.
Zeni ko zeni ima sekakvi dobri losi promiskuitetni i sekakvi ..
vazno e sto bara i sto sakame nie maskite
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Би сакал да дадам свое мислење на темава но се плашам дека ќе бидам осудуван од феминистичкото мнозинство и темава ќе треба во насловот наместо "жени" да има "мажи",затоа што нели,мора еднаквост меѓу половите,а сепак да ја нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ќе се задржам кај надворешниот изглед повеќе.
Кога ќе направиш споредба на наша жена и жена од ван нашите граници, без да ја знаеш политиката и условите на државите од кај што доаѓаат, нашиве жени даваат впечаток како да се од многу финанскиски моќна држава, или ете бар некое влијателно семејство спрема другите жени. И не само надворешен изглед, него и понашање. Манири како да била хранета со златна лажичка. Да се наоѓа и на планина, нашата жена е дотерана како хостеса. Битно и е секогаш да е скоцкана, дотерана, нашминкана, средена.. Без разлика дали тие пари биле наменети за пелените на детето, за доградба на спратот која чека пола век или за кирија на гарсоњерата во која живее со трите деца и мажот, ќе бидат потрошени на скапа ташна, штикла или наочари. Не е битно што детето размрсулавено шета покрај нејзе, битно е она да не биде видена во исти алишта два дена по ред... Разликата е што другиве жени си живеат живот согласно со класата на која припаѓаат, не се луксузираат толку како нашиве ако немаат и не се срамат од тоа што се, мада зошто и не е како кај нас да те проценуваат по изглед, па кутриве наши жени се присилени да бидат секогаш како 1000000 долари, пошто во спротивно, нема да бидат прифатени од општеството, па и во најлош случај може да останат и "стари моми"

И оние трач собиранки што се хит кај нашите жени, а барем јас не сум ги видела никаде во ни една држава кај што сум била. Понеделник кај Дивна, вторник кај Лидија, среда кај мене и тн и тн собиранка по повод свадбата на ќерката на комшијата. Малце греена ракија пред кафето и дискусијата може да почне.
-Фустанот беше мн скап, а немаат леб да јадат, па и лимузина и платиле, а дома со стаорци спијат...

И оние домаќинки, прибрани и со лице во маало, не дај боже да ги сретнеш на некоја прослава или свадба. Прво не стануваат од маса дур не направат маф се, од вода до главно јадење, на маса трошка да не остане, па после една чаша ракија добиваат нагон за ванземско лудување, чочеци и кокетирање со главниот гостин на да ја земеме пример свадбата-пијаниот кум. И последна фаза, паѓање на оро и носење дома со брза помош. Такви "домаќинки " исто не сум сретнала по други места.

Ете тоа е дел од разликите на нашата жена и жената од странство гледано со мои очи.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
...зависи кое странство, постојат многу странства и Ќустендил и Белфаст се странства...