Разлики помеѓу македонските жени и оние од странство

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
од странство се сите жени надвор од границите на македонија,ти кажи ни за жените од Ќустендил и Белфаст:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: коста

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Реално, мислам дека доста се има сменето последниве години откако последно била активна темава.
Не дека сега не гледам жени од типот што сум ги опишала погоре, но ги доживувам сите поинаку.
Дали е до годините или до сменетите гледишта, не знам. Можеби и двете. Најверојатно.

Според изглед, мислам дека полека им парираме на жените од светот. Помладите с(м)е посвесни дека жената заслужува да се негува и може да си го приушти тоа, а среќа се смени и модата, па не ни се нудат само Версаче кошули од 900 евра или Тања Савич стајлинг од 2008 со тенка хеланка до потколеница, лихто-плава туника и широк каиш со некоја заслепувачка тока и секако - црни топуци.
Не знам, бар мене транзицијата од тинејџерка во возрасна ме фати во една од полошите ери за модата. Не можев да најдам повисок струк или обична блуза без шљокици некаде до кај 2014-та ко ништо...

Карактерно сме исто доста напреднати. Помалку застапено е она „Што ќе кажат другите“, полека учиме дека не треба да постои срам и вина ако не сакаш да си домаќинка и мајка (секако и дека е сосема океј ако сакаш да си баш тоа), добивме повеќе елан да се спротиставиме на токсични љубовни, пријателски и професионални врски.
Далеку е од идеално, никогаш (и никаде) нема ни да биде, но мило ми е што Балканот, ко целина, се свестува за некои проблеми и прашања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider