Марихуана - да или не?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас сум многу против тој закон да се легализира кај нас. Ќе се навлечат повеќе луѓе, па после марихуаната иде екстази па хероин/кокаин и ете ти. Затоа е најдобро вака како што е. Ако сум на местото на Грујо уште поригорозни мерки би имало за дрога/марихуана. Се тоа е штетно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com

Леле мајко еве сите што пробавме и пушевме трева заглавивме на кокаин и хероин, со вакви сфаќања извадени од 300годишна рѓосана конзерва ништо не се праи. А ти си изгледа од оние што му се клањаат на Грујо и сакаат да бидат како него или барем блиску до него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Baronessa

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Нека се легализира, немам ништо против :) штом е толку добра, па и рак да може да излечи, убаво би било :) не сум корисник, немам ни желба да пробам :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Baronessa

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Леле мајко еве сите што пробавме и пушевме трева заглавивме на кокаин и хероин, со вакви сфаќања извадени од 300годишна рѓосана конзерва ништо не се праи. А ти си изгледа од оние што му се клањаат на Грујо и сакаат да бидат како него или барем блиску до него.

Има други што не се како тебе и ќе се навлечат и на дроги. Не реков дека точно ти ќе станеш зависник од дрога, но тие што не разбираат можат и по други дроги да посегнат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Има други што не се како тебе и ќе се навлечат и на дроги. Не реков дека точно ти ќе станеш зависник од дрога, но тие што не разбираат можат и по други дроги да посегнат.
Абе сеа до негде е така ама тој што е љубопитен и што е склон кон пороци ќе проба без разлика дали е легално и не, цигарите се легални ти не пушиш и нема ни да пушиш, јас ќе ги пушам и нелегални ако се. Иначе грешка си ако мислиш дека се почнува со марихуана па се оди кон потешко, прво се започнува со цигари и алкохол, зошто нема прохибиција за двете најопасни и најсмртоносни „дроги“ не знаеме. Или знаеме..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14