Дали сте за легализација на марихуаната во државава наша?
Јас сум за легализација, и сакам да се легализира ганџата, иако тоа е многу малку возможно пошо владава глуми конзервативна ..
Ганџата е едно многу чудно и убо растение шо е дадено до господ за луѓето да го користат без да имаат било какви последици. Ако само погледенте статистика колку луѓе годишно умираат од ганџа во светот ке се зачудите зашто тој број е 0 !! да да точно е е грешка , 0 луѓе годишно умираат од користење на ганџа, од две причини, прво зашто со ганџа е тешко да се предозираш, речиси и невозможно и второ затоа што марихуаната не предизвикува било каква зависнот. Стапкат на мртви од алкохол и цигари е многу поголема од таа на марихуаната но сепак тие се легални. Оние филмови кои што ги гледате по телевизии како живото е мојот филм се чиста лага ( тука зборам за марихуаната). Медицински е докажано и голем број научници сметаат иако некои од нив сеуште се плашат да зборуваат јавно , дека маслото од канабис сатива лечи рак..Има еден куп пример но ке ви спомнам само еден каде таткото го излечил синот ( три годишен) со масло од марихуана од тумор на мозокот.
Јас сум за легализација зашто знам дека марихуаната не е штетна и ви зборвам од прва рака, имам пробано пред неколку години, и сеуште користам од време на време, па фала богу ништо не мие жив и здрав сум...
многу истражувања во последно време го потврдуваат ова...
ваше мислење за или против? и ваши искуства сте користеле, би пробале или не...?
Прво, браво за храброста да отвориш тема и отворено да признаеш дека си користел лесна дрога во вакво конзервативно општество.
Јас конкретно нема да кажам дали нешто сум употребувал или употребувам, ете чисто ради етикетирање.
Кога ќе погледнеме наназад во историјата, голем процент од научници, писатели, физичари, математичари користеле психотропни супстанци како ЛСД, сатива канабис и останато.
ЛСД-то се покажа како многу ризично за употреба затоа што се појавуваат нус ефекти најверојатно затоа што не е квалитетна бар не секаде.Имало случаеви каде што луѓе што употребувале добивале мозочни удари, срцеви удари, станувале антисоцијални, анксиозни и слично.Тоа за мене е синтетика.
Марихуаната е позната по тоа што доколку се користи во опуштена атмосфера делува добротворно од причина што те опушта максимално, губиш секаква болка и напор.Точно е дека се користи за медицински цели, но начинот на припремање е сосема различен од онаа марихуана која што се конзумира нашироко низ светов.Ретко, скоро невозможно е да најдеш чиста марихуана, бар тука во Македонија.
Тука во Македонија можеш за 300 денари да добиеш прскана марихуана со зголемено количество на THC која при употреба нема да знаеш како се викаш, и ќе мислиш дека си вонземјанин.Да не зборам за вртоглавици или повраќање.
Доколку имаш среќа некој да ти донесе некое пакетче од југ тогаш ќе пробаш нијанса подобра марихуана.
Морам да го напоменам кокаинот, кој за разлика од марихуаната создава зависност, особено крекот кој е нус-производ на кокаинот.Исто како и марихуаната, заради поголема заработка тој се меша и конзумираш некаква си смеса налик на брашно со непознат состав.Тоа мене би ми претставувало најголемиот страв.Познато е дека со користење на кокаин чуството е неверојатно, не чуствуваш болка, тегоби, доколку имаш напорна работа ти дава енергија x100 и слично.
Како што реков лошо е што создава зависност, пукаат капилари и доаѓа до агресија многу пати.
Против легализација на сите овие работи сум, од проста причина што не ни има потреба да се легализира.Бар во Македонија е многу лесно да дојдеш до лесна дрога.[/quote]