Личен дневник

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневнику

Јас твојот вечен посетител...
Што да ти кажам?
Јунајтед изгуби...
Чудо големо...
И онака се шампиони...
Шетав и трчав денес...
Ја извадив нервозата од мене...
Подобро е знаеш?
 
Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Доста беше дневнику.
Од утре повторно назад на здрав живот, тешки физички активности, здрава исхрана и простор за нови победи.
Малце тешко ќе биде али се надевам на најдобар резултат !
Нов период искушение, борба и напор али пак ќе се исплати како и секогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Вчера навистина претера. Не планирав да го сретнам, ама знаев дека ќе биде таму. Се мислев дали да отидам или не. Сепак, ако не отидев, немаше да бидам фер кон најмалку 5 личности. Морав да го исполнам ветеното. Синоќа кажав само дел. Она останатото ќе го запишам. Којзнае, можеби ќе излезе некоја книга од сето тоа. Има толку многу моменти кои вечно сакам да ги паметам, толку многу места кои ме потсетуваат на него, толку многу работи кои вечно ќе не поврзуваат. И болат. Се сменив потполно. Особено во изминативе два месеци. До крајот на летото ќе станам непрепознатлива дури и за оние кои ме знаат најдобро. Радикалните промени отсекогаш ми ја лечеле душата. Така и овојпат. Доста се лажев себеси и сите околу мене. Најдобра сум во она што го правам само за себе. Конечно ќе и се вратам активно на музиката. Не сакав да ја запоставам. Почнав пак да создавам нови дела, само треба убаво да ги запишам. И само сакам да заборавам делови од последниве неколку години. Синоќа се сретнав со болниот потсетник дека загубив дел од мојата душа пред 2-3 години и дека животот од мене зеде големо парче. Ми недостигаат сите тројца. Најмногу таа. Ми недостига нејзиниот поглед, нејзиното готвење, нејзиниот мирис... Празнициве ми се само болен потсетник дека останавме скоро сосема сами. Се изнаплачев и сеуште не ми олесна. Се прашувам, може ли груткава која ми стои во грлото некогаш да исчезне? Ако значи дека ќе ги изгубам спомените, тогаш нека остане. Некои моменти ги чувам само за себе... Така живеам...
 
Luisana12

Полноправен Член
4 мај 2013
64
40

успеа да ме наежиш..:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Лежам на креветот со отворен прозорец
и го слушам дождот кој капе по лимовите на куќите и вирчињата по улиците.
Ме обзема некоја чудна но овојпат убава меланхолија.
Мислам дека успеав да се избалансирам.
Тука сум.
Комплетно.Без да запаѓам во лавиринтот на мислите.
Едноставно присутна со широко отворени очи,
уши.
Отворена за се што доаѓа.
Отворена за чувства..
Пробав некои нови вежби од јога.
Изгледа тие ме избалансираа.
Да бе,јога му е мајката.
Те спушта и те балансира.
Ти дава енергија некоја внстрешна.
Ме смири и сум цел ден тотално опуштена и релаксирана,а притоа имав толку стрес.
Спремна сум да давам.
Спремна сум да да давам љубов околу себе.
Чинам на секој би му дала по малку љубов од себе.
Може и бизнис да правам хехехех.
Онака подарам љубов(ама мислам на љубов а не на онаа друга љубов)
и некој ќе ми врати нешто друго.
Пример,смеење до бесвест.
И така,некому ќе му поклонам љубов и би добила прегратка.
Итн..
Филмчево е лудница,што да ти расправам.
Нешто си мислев..
да фатам џенем за едно година дена.
Некаде у пм.Во Индија...не не во Индија,ќе умрам од глад.
Во Јапонија би било супер.
Во некој Зен манастир.
Или не мора година.3 месеци онака.
Би било супер.Да.
Јапонија....
Земјата на чудата.
Дождов ме однесе во Јапонија.
Како би било супер.Зен манастир и гуру.Сабсјле станување во 5(кога изгрева сонцето )медитирање.
Спремање доручек најверојатно од градината зеленчук и ориз.
Пак медитирање.
Јога.
Ручек.
Извршување креативни работи.
Церемонија со чај.
Моабети со гуруто.Спиење на зајдисонце.
Досциплина...самоконтрола..изолираност...
Хммммм...скапо ќе биде чинам.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Секогаш имав што да кажам , што да додадам, а сега , како еден ураган во глава ме мава . За сите имам одговор да најдам само за себе не . Како да се научам да верувам во други , да верувам во иднина дека ќе биде подобро кога незнаеш што ќе биде , а се плашам да ризикувам, ама ризиците носеа чуда а?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Знаеш дека животот не ти е како што треба кога дури и откако ќе се изнаплачеш, не ти олеснува. Плачам 2 пати во 2 години, тврд орев сум, ама некогаш поголемо од мене е.

Не знам дали мојов мозок е генијален или сум начисто глупава.
Не знам само зошто пробувам да се лажам себеси кога потсвесно, длабоко во некое делче во некој корнер од мојата душа, го знам одговорот. Едноставно во некои работи не можеш да победиш.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Здраво дневник.

Пак ме боли ногата и тешко ми е да ја контролирам болката без апчиња. Сношти одвај заспав од болка. Понекогаш мислам дека сум лош кон речиси сите баш поради тоа.

Чао дневник.