Кога размислувам за ова, самите мисли ми се контрадикторни. Некогаш си викам „кога се осудиле да убијат човек/да силуваат/да измачуваат, заслужуваат да умрат“ потоа си викам„а кои сме ние да одлучуваме кога да згасне нечиј живот“ потоа пак се враќам назад и си викам„а поболно е да го осудиш на доживотна робија, да го измачуваш, да ја види суровоста на животот, да пати и да умре по законите за пишување трагедија од Антично време“.
Како што кажав, ептен сум контрадикторен во мислите.
Ама кога ќе седнам да размислам подлабоко.
Родител, си силувал четири годишно девојче - што ќе му е да живее?
Маж, си ја испотепал жена му затоа што некој ја погледнал накосо, а потоа ја исекол на парчиња - вреди ли таков човек да го дели воздухот со нас останатите?
Будала, направил список на жени со слични карактеристики, ни криви ни должни ги фатил една по една, сите ги суредил - што повеќе бараш од таков човек? Што може таа битанга да придонесе за ова општество? Ако е во затвор му треба храна... што има да се троши леб за него, подобро да се даде на некој сиромав бездомник лебот наменет за него,а тој да се лиши од „правата“ на оваа земја.
И во сето ова „длабоко размислување“ мене ми доаѓа мисла...
Кој сум јас да одлучувам чие дело е доволно „тешко“ за да му се одземе животот?
Гласав на анкетата дека сум за, ама изгледа сум неодлучен