Да, сум за.
Образложение еве: Зависи од тежината на делото кое е направено, за педофили, убици, силувачи би ги споменал и психички растроени личности кои направиле масакар, атентатори, терористи и дилери. За овие без размислување треба смртна казна. Затоа што дали од овие кривични дела може да се врати жртвата? На пример девојче силувано од педофил на свои 12 години дали ќе има светла иднина ? Убиен човек од страна на убиец дали ќе се врати ? Психички растроен човек кој извршил масакар дали може да се врати во нормала и да се вратат жртвите ? Атентатори и терористи убиваат најмалце 10 луѓе во еден нивни потег, дали и тие некогаш ќе се вратат? Дилери, свесно и за нивни ќеиф трујат не само 1 жртва, туку илјадници. Дали овие не заслужуват смртна казна? Без двоимење би им пресудил смртна казна.
А што се однесува до крашби, затајување данок, превара, измама и полесни кривични дела тие сите се материјални работи. Тоа се може да се врати без разлика порано или подоцна. За тоа не би пресудил никад смртна казна.. Можеби грешам но ова е мое размислување на оваа тема.