Апсолутно за, иако со Уставот, загарнтирано е правото на живот и не посто правен механизам со кој државата би извршила убиство, исто така и со разни конвенции на ООН се забранува смртната казна, генерално сегде со тек на време се исфрла од употреба па така многу мал број на земји ја применуваат. Некои држави во САД, Кина, Иран и некои афрички вукојебини, во Европа нема смртна казна. Во Југославија постоела смртна казна ама како што знам никогаш не била применета. Како и да е постојат дела за кои би вовел смртна казна и затоа ја поддржувам (иако реално ако збориме нема шанси да се воведе). Дела како педофилија, канибализам и дела кои одредени луѓе пред 10ина год ги направија овде а кои и според нашиот казнен законик најстрого се санкционираат (според мене не доволно строго и такви фаци се за куршум во чело што самите тие ќе го платат како што е во Кина), тие дела се: обид за насилно рушење на уставниот поредок, организирање вооружени дејства и групи кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Р.Македонија, организирање на вооружени групи кои вршат насилно исселување на населението, вооружени групи кои не го признаваат уставниот поредок и директно се конфронтираат со вооружените безбедносни сили на државата, вооружени групи кои се обидуваат да отцепат дел од територијата на Р.М, како и организирање на се тоа што погоре набројав... Тоа се дела за кои не постои разбирање, ниту простување... сурово е тоа ама јбг, кога државата и нејзината територија и население се во опасност, мора да бидат применети сите начини на нејзина одбрана.