Десерти

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Состојки за палачинките - 130 грама пченично брашно тип 550, 1 јајце, 1 жолчка, 250 мл млеко, малку сол, масло за печење. За филот- 1 пудинг од ванила, 500 мл млеко, 2 лажици шеќер. - За преливот од карамела - 200 гр шеќер, 30 гр путер и 200 мл слатка павлака

Подготовка : Во длабок сад се мешаат јајцата и малку сол, и постепено се додава брашното и млекото. Од вака припремената смеса се прават и се печат палачинки. Пудингот од ванила лесно се подготвува ( секое пакетче различно пишува па следете ги инструкциите од таму ако сте почетници ;) ) За карамелот се гори шеќерот додека не добие златно/кафеава боја. Заедно се додаваат слатката павлака и путерот со постојано мешање. На средината на печените палачинки се става лажица од пудингот од ванила и се превиткуваат два пати ( се добива облик на четвртина). Палачинките мора да се стават на топла чинија,и се прелива со карамелот.


Ќе ми се заблагодарите покасно :D:sreken
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
ова ми е омилен десерт
100_52771-800x600.jpg



Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 250 до 300 мл. млеко
  • 50 гр. путер
  • 1 жолчка
  • 1 кесичка сув квасец
  • изрендана кора од лимон
  • 1 ванила
  • за посипување шеќер во прав
Подготовка
Се замесува тестото од сите состојки и се остава да стаса додека не го зголеми двојно волуменот. Потоа се расукува кора дебела 1.5 до 2 см. и со чаша се обликуваат крофните. Се оставаат повторно да стасаат околу 20 минути.Се пржат во загреано масло, ставени со горната страна во маслото. Се ставаат на хартија за да се впие вишокот масло и на крај се посипуваат со шеќер во прав. Бидејќи се шупливи, по желба може да се полнат со крем или џем.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa and Selma

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Урмашици
urmasici.jpg


СОСТОЈКИ

  1. 1.Во соодветен сад, со помош на миксер, изматете го омекнатиот маргарин заедно шеќерот.
  2. 2.Во истиот сад, додадете ги јајцата, едно по едно и матете се додека не се соедини смесата.
  3. 3.Прашокот за пециво помешајте го со брашното и додадете го во смесата.
  4. 4.Матете се додека не добиете хомогена, мека смеса.
  5. 5.Од тестото направете долгнавести формички. Секоја урмашица боцнете ја со вилјушка или пак со притиснете ја на ренде.
  6. 6.Тавата обложете ја со мрсна хартија за печење. Бидејќи при печење урмашиците нараснуваат,оставете простор меѓу нив.
  7. 7.Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 до 25 минути или се додека малку не поруменат.
  8. 8.Подгответе го шербетот. Загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не добиете фин сируп. Накрај, додадете ги кришките портокал.
  9. 9.Урмашиците, додека се уште топли, прелијте ги со шербетот.
  10. 10.Оставете ги неколку часа (ако можете)да се оладат и да го впијат шербетот, па фрлете се на јадење.
Чоколадни мафини

cokoladni-mafini.jpg


СОСТОЈКИ

  1. 1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад ставете го брашното, шеќерот, какаото и прашакот за пециво. Измешајте.
  2. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/11/Dodadeno-cokolado.jpg2.Искршете го чоколадото на парченца, ставете ги во садот и повторно промешајте.
  3. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/11/matenje.jpg3.Со миксер изматете го јајцето со млекото и омекнатиот путер исечкан на парченца.
  4. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/11/mesanje.jpg4.Со дрвена или силиконска лажица двете смеси добро измешајте за да добите фина еднолична смеса.
  5. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/11/napolneti-modli.jpg5.Внимателно наполнете ги модлите кои предходно ќе ги обложите со хартија за печење.
  6. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/11/gotovi-mafini.jpg6.Печете од 20 до 25 минути. Оставете ги мафините пет минути да се оладат, а потоа се спремни за дегустација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Па не,нешто слично на ова е,ама не сум сигурна дали е точната рецепта,мислев некој ако има по дома запишано да ми ја каже :)
Киндер торта

тесто:
12 белки
12 лаж. шеќер
2 лаж. зејтин
8 лаж. брашно
На добро подмачкан плех со маргарин се редат ореви и врз нив се истура тестото кое се пече тивко. Испечената кора се врти со оревите нагоре и се сече на два дела. Изладените кори се мачкаат со крем ( црн 1/2 кг).

фил 1:
4 пудинга од ванила
2-3лаж. густин се разредува во 200 мл млеко
5 лаж. шеќер
Оваа смеса добро се изработува и се додава на 800 м млеко што врие да се згусти.
Фил 2:
Се матат 12 жолчки со 12 лаж. шеќер.
Фил 3:
1 маргарин се мати со 250гр шеќер во прав.

Сите три смеси се мешаат и филот се дели на два дела.
Во првиот дел се става 200гр. црно стопено чоколадо, а во вториот дел 200гр бело растопено чоколадо.
Тортата се филува кора-> црн фил->бел фил->кора-> црн фил->бел фил. На крајот се премачкува со шлаг пена.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Торта со многу чоколадо и свежи малини


Потребни состојки:
  • 225 г црно чоколадо
  • 175 г путер
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 50 г мелени бадеми
  • 50 г мелени лешници
  • 2 лажици брашно
  • ½ лажиче сол
  • 5 јајца
  • 140 г шеќер
  • 3 лажици џем од јагоди
  • 15 малини
За чоколадниот прелив:
  • 140 г црно чоколадо, на коцки
  • 100 мл слатка павлака
За декорирање:
  • свежи малини
  • шеќер во прав
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.
2. Обложете два сада за печење пандишпан со хартија за печење.
3. Измешајте ги брашното, мелените бадеми, лешниците и ванилинот шеќер во еден сад.
4. Ставете ги чоколадото и путерот да се стопат и мешајте ги додека не се соединат убаво.
5. Јајцата матете ги додека не добијат двојно поголем волумен.
6. Во нив додадете го шеќерот и матете уште 5 минути.
7. Потоа, пополека почнете да ја додавате смесата од путер и чоколадо, постојано мешајќи.
8. Потоа, додадете половина од смесата со брашното и мелените јаткасти плодови и убаво измешајте. Додадете ја и вТорта половина и повторно убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса.
9. Смесата поделете ја еднакво во двата сада за печење. Печете 15-20 минути.
10. Оставете ги пандишпаните убаво да се оладат.

11. Измешајте го џемот со малините и размачкајте ја смесата врз едниот пандишпан. Потоа поклопете го со другиот пандишпан.
12. За чоколадниот прелив, ставете ја слатката павлака на оган и кога ќе почне да врие ставете го чоколадото. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
13. Со преливот намачкајте ја тортата од сите страни.
14. Оставете ја тортата 12 часа убаво да се излади во фрижидер.
15. Декорирајте со малини и малку шеќер во прав.
3-torata-so-mnogu-chokolado-i-svezhi-malini-www.kafepauza.mk_.jpg
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Во изминатиов период хит ми е трилече (Tres leches)...(inlove)
Мислам дека нема ден да не си каснам едно парче....
upload_2014-7-11_17-4-31.jpeg
  • 6 јајца
  • 300 грама шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 300 грама брашно
  • 0.5 л хопла
  • 2л млеко
  • 300 грама млеко во прав
  • готов карамел
Во сад издвојте ги белките од жолчките. Белките избијте ги со миксер и постепено дојдајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. кога добро ќе се измати додајте 1 по 1 јајце и матете додека не добиете густа пенеста смеса. Додајте ги брашното и прашакот за пециво и мешајте полека со лажица. Готовата смеса турете ја во подмачкан плех и печете во загреана рерна на 220 степени. кога ќе се испече се превртува од плехот и се остава да олади. Во плехот каде што се печеше кората турете ја слатката павлака и над неа ставете ја оладената кора, оставете да впие неколку минути. Во меѓувреме млекото во прав и 0.5 л млеко помешајте ги за да нема грутки. Така добиената течност без грутки додајте ја во 1.5 л млакото млеко, па прелијте ја кората со млекото. Оставете во фрижидер да се олади и послужете со карамел прелив или ако неможете да најдете купете карамел бомбони и стопете ги .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Prashina