Живеење заедно пред брак

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Што мислите за оние парови кои живеат заедно пред да стапат во брак? дали ги подржувате?? дали вие би сакале да живеете со вашиот партнер/ка заедно пред да запловите во брачните води??


Јас лично би сакала да, бидејќи така ќе го запознаам поубаво каков е кога ќе има поголеми обврски. Според мене кога се влегува во брак тогаш е се многу поразлично и имаш многу поголеми обврски и затоа не е исто. Ги подржувам и им честитам на тие што го имаат направено тоа. Сега за постарите лица тоа е скоро невозможно, бидејќи пред тоа морало да бидеш барем верен :zbunet барем така јас имам слушано од постарите, вклучувајќи ги и моите родители :D
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Дефинитивно да. Има голема разлика од гледање и шетање до живеење заедно.
Тогаш најдобро може да се види кој е кој и каде си одговарате каде не.

За жал ретко кој има услови за тој луксуз.
Повеќето парови едвај крпат пари за станче откако ќе се земат :(
 

lisa

Нов член
16 февруари 2012
5
4
3
36
Да, би сакала, мислам дека многу прашања и проблеми се разјаснуваат на тој начин.
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Да, затоа што тоа е еден вид тест за нашата иднина, како ќе функционираме заедно, да се навикнеме еден на друг на време да си ги научиме навиките и да видиме дали вреди да се продолжи понатаму!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Fifi

The Countess

Полноправен Член
15 февруари 2012
43
53
18
Elean Donan Castle
Нормално дека да. Што е бракот?! Дозвола од домашните, за да почнат живот во една куќа деците?!
Ако си имаат целосна доверба еден кон друг, ако врската хармонично функционира, и ако се чувствуваат подготвени само напред.
Е сеа ако стојат слабо на финансиски план нема да се одлучат на такво нешто, нели... Барем да си имаат осигурани работички, инаку премногу наивно е туку така да запливаат во тие води со надеж дека утре ќе донесе нови можности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Најдобро е живеење заедно пред брак , ем личноста ќе го покаже своето право лице и ќе се види дали вреди да се биде со него во брак :wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: невестето

невестето

Полноправен Член
14 февруари 2012
39
59
18
домче
Па видете вака, јас ќе ви зборувам од искуство. Имав долка врска, живеев со дечко и раскинавме. Целото розевило исчезна уште при првите неколку недели. Финиот културен дечко се претвори во ждригатор, прдач, гнасен човек што мислеше дека треба да изигравам негова мајка, да му ги собирам и перам сите алишта, да чистам затоашто единствената негова обврска беше да игра сони и иде на факултет/работа. Од одма си ги заборавив соништата дека кога ќе бидеме заедно постојано ќе бидеме насмеани, ќе ни се дешаваат романтични вечери и сл. Човекот кој го познавав оддеднаш го снема.
Значи благодарение на тоа неколку месечно живеење заедно сфатив дека тоа не е човекот за мене.
Сега пак живеам заедно со сегашниот дечко (вереник) меѓутоа приказната е поинаква, обврските се поделени, трошоците исто така, фала богу па и педантерија човек ми се падна, се е поинаку.
Живеењето заедно ви е еден голем тест дали одредениот човек со кој си го замислувате животот е тој правиот! Кој има услови нека не се двоуми, земете си стан и видете го човекот пред да кажете судбоносно да и пред да потпишете било какви папири. Луѓето не се она што ние мислиме (за жал)... :nah
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Што мислите за оние парови кои живеат заедно пред да стапат во брак? дали ги подржувате?? дали вие би сакале да живеете со вашиот партнер/ка заедно пред да запловите во брачните води??


Јас лично би сакала да, бидејќи така ќе го запознаам поубаво каков е кога ќе има поголеми обврски. Според мене кога се влегува во брак тогаш е се многу поразлично и имаш многу поголеми обврски и затоа не е исто. Ги подржувам и им честитам на тие што го имаат направено тоа. Сега за постарите лица тоа е скоро невозможно, бидејќи пред тоа морало да бидеш барем верен :zbunet барем така јас имам слушано од постарите, вклучувајќи ги и моите родители :D

Нешто слично мислење напишав.Да би сакал доколку тоа не биде од сега па до свадба за 4-5 години зашто ќе падне жртва до тогаш.Не сум научен да живеам со жена под ист кров повеќе од 2 недели (одмори) :D Така да ако и одговара што побрзо свадба би сакал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci