Секогаш двајца партнери треба одреден период да живеат заедно пред да стапат во брак. Да, тие се познаваат, си ги знаат позитивните страни и лошите навики, но кога подолг период се нон-стоп заедно, ќе можат уште подлабински да се изанализираат меѓусебе.
Доколку двајцата се согласуваат, не водат инат еден на друг, намерно не прават депонија во станот, си ги делат улогите во одржувањето на станот (јас купувам намирници жената готви, јас поправам по дома, одржувам апарати, кречам, поправам бољар, машина за перење, менувам зелка во буре
и сл, а жената, брише прашина, правосмука, мие садови итн) во тој случај печени се еден за друг. Не значи дека и машкото не треба да превземе дел од работите на жената, но ете барем по логика би и ги препуштил стандардните работи во одржувањето на домот.
Некогаш би било убаво двајцата на пр. да бришеме прозори, да готвиме, да сецкаме руска салата...