Живеење заедно пред брак

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ги поддржувам тие парови и доколку би имала можност и услови и јас би живеела заедно со партнерот пред брак..:unsure
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Ви пишува еден корисник на таа привилегија.
Живееме заедно две години и мислам дека со самиот чин нашата врска ја однесовме на едно повисоко ниво.

Убавината на тој процес на вистинско запознавање е пред се, просторот и времето кое можете да си го оделите за вас на начин каков што ќе си одлучите сами.

Значи да не функционирате само кога ќе се видите на кафе, на што знам шетање во парк, нашминкани, дотерани со се погодено...Ова е прилика да се доживувате и во најлошите изданија и секако да се преиспитате дали можете да се носите со тоа.

Убаво е бре, сексот доживува нирвана..на под , на биро, под туш, во кујна...:giggle еднаш, два пати, три пати...

А убаво е и зашто ќе научите дека заедничкиот живот не е само гугукање и секс, туку и домаќински начин на живот кој едноставно е неизбежен.
 

Minnie

Активен Член
18 февруари 2012
126
127
43
Somewhere over the rainbow
Потполно ги подржувам, бидејќи додека живеат заедно подобро можат да се запознаат какви се, што сакаат, кои им се нивните мани, и тогаш ќе им биде полесно да се одлучат дали ќе го продолжат животот заедно или сепак не, јас и мојот дечко исто така планираме, уште една година кога јас ќе завршам средно, заедно да одиме во Скопје и да живееме во стан, јас на факултет тој ќе тренира фудбал ,и така ќе се спасам од врска на далечина. :giggle
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Мислам најнормално кога врската ќе го достигне тој степен парот да почне да живее заедно, не живееме во тој век на договорени бракови со стројници, што е до мене ја не би избрал брак во традиционална форма, склучен на хартија и во црква и сл., туку заедничко живеење кое ќе може да се прекине без непотребно замарање и други нус појави што одат со тоа
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Живеењето заедно мислам дека е најпаметниот чекор на секоја двојка. Животот во заедница и животот со мама, тато не е ни 5% ист како животот со партнерот.
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Зошто да не,во светот е така.Ствараат фамилија па се венчаат.Шубавко,вашите деца да ви го држат фустанот:sreken
хахахахаха ѕвер :D
иначе не сум против тоа....за мене е како еден вид проба за бракот нешто у случај ако не оди...мислам ме свакате
паа затоа и би направил такво нешто :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Ако им е баш сериозна работата ги поддржувам.
А не да живеат заедно пошто демек се во брак и после 2 месеца да се скараат :D (има и такви случаеви)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Имав врска што траеше цели 10 години и е посебна приказна зошто не заврши со брак,живеевме заедно и немам никакви предрасуди околу тоа,низ тоа би требало да поминат сите пред да стапат во брак,единствено што не ми се допага е одењето по дома и зближувањето со родителите пред време.Што имам да барам кај него дома и да седам со неговите родители или да се јавувам да честитам нови години или 8ми март на луге кои едвај ги познавам.Јес да човекот со кој што сум е нивен син ама тие не ми се ништо.Тоа такво зближување ми доага како еден вид улизување,не е спорно ако ги сретнам на улица или било каде па да ги поздравам ама специјални средби по дома по свадби,мадби,Не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and parvati

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Секогаш двајца партнери треба одреден период да живеат заедно пред да стапат во брак. Да, тие се познаваат, си ги знаат позитивните страни и лошите навики, но кога подолг период се нон-стоп заедно, ќе можат уште подлабински да се изанализираат меѓусебе.
Доколку двајцата се согласуваат, не водат инат еден на друг, намерно не прават депонија во станот, си ги делат улогите во одржувањето на станот (јас купувам намирници жената готви, јас поправам по дома, одржувам апарати, кречам, поправам бољар, машина за перење, менувам зелка во буре :) и сл, а жената, брише прашина, правосмука, мие садови итн) во тој случај печени се еден за друг. Не значи дека и машкото не треба да превземе дел од работите на жената, но ете барем по логика би и ги препуштил стандардните работи во одржувањето на домот.
Некогаш би било убаво двајцата на пр. да бришеме прозори, да готвиме, да сецкаме руска салата... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми