Љубовни проблеми

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Здраво
Ве молам за помош имам врска 2 години, но раскинавме бидејќи тој сакаше слобода, но тврди дека сеуште ме сака и дека доколки ни е судено повторно ќе бидеме заедно. Но јас премногу го сакам и не знам како да се соочам со оваа ситуација. Ве молам за ваше мислење ќе ми значи премногу во овие моменти.
Тоа" сеуште те сака и ако биде судено ќе бидете заедно"
би рекла е оставање од негова страна место кај тебе, за во време кога слободата му досади,и ако не најде друга
да може да се врати кај тебе(во превод,
ЗЛАТНА РЕЗЕРВА или сребрена сеедно)
Или пак, не сака директно да те повреди па ти кажува дека сеуште те сака(можеби и не те сака само така ти кажува).
Во секој случај, немој да се надеваш, терај си филмот и погледни наоколу.
Други мајки имаат исто убави синови,
па ако биде" пишано" ќе бидете заедно:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас немам љубовни проблеми. Мене дечково ми се свиѓа но стварно не можам да го разберам, требаше да искочиме во петокот и од петокот само го одложува само изговори наоѓа а пак договара состанок. Не ми е јасно, тој има два профила на фб и јас се наљутив што тој не ми кажа ме излажа ми рече дека му го хакнале а не го вратил. После требаше да се договориме за денеска него пак го снемува на тоа додава дека сум му била сумлива ваква таква. Незнам што, и ко капак на се љубоморен е на еден мој другар кој што треба да се ожени. Навистина не го разбирам типов или незнае што сака или си ги крена акциите. Јас кога му реков дека ќе го блокнам и блокирам на мобилен тој практично ме молеше да не го правам тоа. Незнам во ваква ситуација не сум била до сега.
И да, ме блокирал на вториот профил

Помош советче нешто???
Те лаже, зар не гледаш?
Сврти му го грбот две три недели( не е многу иако така изгледа),
па ќе видиш кај си и на што си.
Биди женско со гордост и не дозволувај некој да си игра со тебе као:
-ај не денес, утре
па
-ај не утре задутре
а ти чекаш на него.
Нешто што ти било без врска е да му се налутиш за другиот профил( што те излажал или сокрил од тебе),
со тоа одма имаш бонус минус поени кај него:
-не си му девојка да му забрануваш нешто
-а и да си му девојка, пак тој има право на своја слобода
-не си му ни мајка(и да си му мајка пак има своја слобода).
Ќе си мисли:
Оваа ако уште сега ми прави сцени за тоа што сум сокрил, што ќе биде понатаму?
Така да такви ексцеси не се препорачливи,ако сакаш да се развие таа симпатија во нешто повеќе.
И ако те одбие како до сега повеќе пати,
знај дека не го интересираш.
А тоа дека е љубоморен.. хммм..
Како сфати дека е љубоморен? Не ми изгледа љубоморен некако со горе напишаното..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
После толку години врска, и брак, јас прв пат се наоѓам пред толку голема криза.
Всушност, не е криза. Туку е олуја од чувства. Измешани потреби, измешани страсти, скриени мисли.
Чувствувам дека пополека ја губам контролата над кормилото од мојот животен брод...
А за тоа не е виновен никој друг, освен јас....
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
После толку години врска, и брак, јас прв пат се наоѓам пред толку голема криза.
Всушност, не е криза. Туку е олуја од чувства. Измешани потреби, измешани страсти, скриени мисли.
Чувствувам дека пополека ја губам контролата над кормилото од мојот животен брод...
А за тоа не е виновен никој друг, освен јас....
Сакаш совет?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Тогаш... го чекам советот.
Опушти се,
и следи го срцето.
Чувствувај,
почуствувај ја секоја емоција која се раѓа
без да сакаш да ја контролираш и задржиш
и пушти ја нека си оди..
притоа пробај да не се губиш во лавиринтот на мислите.
Ништо не е е погрешно.
Се е така како што треба да биде:)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Опушти се,
и следи го срцето.
Чувствувај,
почуствувај ја секоја емоција која се раѓа
без да сакаш да ја контролираш и задржиш,
и пушти ја нека си оди,
и притоа пробај да не се губиш во лавиринтот на мислите.
Ништо не е е погрешно.
Се е така како што треба да биде:)
Ако те послушам, ми замина се по вода Лена.
Сериозно.
Буквално се.