Јас немам љубовни проблеми. Мене дечково ми се свиѓа но стварно не можам да го разберам, требаше да искочиме во петокот и од петокот само го одложува само изговори наоѓа а пак договара состанок. Не ми е јасно, тој има два профила на фб и јас се наљутив што тој не ми кажа ме излажа ми рече дека му го хакнале а не го вратил. После требаше да се договориме за денеска него пак го снемува на тоа додава дека сум му била сумлива ваква таква. Незнам што, и ко капак на се љубоморен е на еден мој другар кој што треба да се ожени. Навистина не го разбирам типов или незнае што сака или си ги крена акциите. Јас кога му реков дека ќе го блокнам и блокирам на мобилен тој практично ме молеше да не го правам тоа. Незнам во ваква ситуација не сум била до сега.
И да, ме блокирал на вториот профил
Помош советче нешто???
Те лаже, зар не гледаш?
Сврти му го грбот две три недели( не е многу иако така изгледа),
па ќе видиш кај си и на што си.
Биди женско со гордост и не дозволувај некој да си игра со тебе као:
-ај не денес, утре
па
-ај не утре задутре
а ти чекаш на него.
Нешто што ти било без врска е да му се налутиш за другиот профил( што те излажал или сокрил од тебе),
со тоа одма имаш бонус минус поени кај него:
-не си му девојка да му забрануваш нешто
-а и да си му девојка, пак тој има право на своја слобода
-не си му ни мајка(и да си му мајка пак има своја слобода).
Ќе си мисли:
Оваа ако уште сега ми прави сцени за тоа што сум сокрил, што ќе биде понатаму?
Така да такви ексцеси не се препорачливи,ако сакаш да се развие таа симпатија во нешто повеќе.
И ако те одбие како до сега повеќе пати,
знај дека не го интересираш.
А тоа дека е љубоморен.. хммм..
Како сфати дека е љубоморен? Не ми изгледа љубоморен некако со горе напишаното..