Дури се срамам за ова. Но ете ќе го споделам. Се палам многу на сцени каде се силуваат девојки. Силувањата некако ми ја поттикнуваат желбата за секс. Но никогаш не сум се осудила да го кажам ова некому. Проблем ли е ?
Jaс може опомена или бан да јадам за ова што ќе го напишам, ама просто ова што го прочитав ме згрози.
Добро бе девојче, си го имаш откриено идентитетот, луѓето те знаат која си, форумов е читан, со кој памет пишуваш вакви работи? Луѓето од твојот град што го читаат ова можат да те препознаат, а се кладам дека 99,9% од тие што го прочитаа ова се згрозија исто како мене.
Да не почнуваме со фактот дека ова е најчудното, еве така ќе се изразам, чудно, нешто што сум го прочитала. Како може да те пали нешто што е најголемиот страв на секое девојче, нешто од кое секое девојче стравува, нешто кое секое девојче го унаказува за цел живот?? Тоа е нешто најболно, тоа може само да те натера цревата да ти се превртат, а НИКАКО да те пали. Прашуваш дали е проблем, еве јас ќе ти одговорам, да проблем е и тоа не е мал.
Јас разбирам S&M, foot fetish, разбирам малку кинки работи да го палат човека, па и нешто што е малку неконвенционално. Ама девојче да го пали сцена кај што силуваат друго девојче...
Не сакам да помислиш дека те напаѓам, првиот дел од мојот пост е за твое добро, верувај, иако може нема да го сфатиш така. Ова ти го кажувам најискрено.