Тоа всушност и ми пречи мене, што не смее боја да се користи. Сметам дека потписот не треба да зафаќа многу место, според тоа - се согласувам дека не треба слики да се ставаат (уште помалку па видеа, имаше и таков случај). Но, сè додека е потписот со нормална големина (значи не да боди очи), и е долг ред-два, не гледам зошто би било проблем ако е син/зелен/црвен.Така е бидејќи повеќето членови (вклучувајќи ме и мене со deathbat-от) ставаат огромни слики, реферати од 5 реда, 10 смајлиња, и триста чуда. Вака е сто пати по прегледно и (за оние се послаб нет) побрзо се отвара форумот. Јас единствено би додала уште една големина, број 3, зошто си ги корнам очите кога се обидувам да прочитам потпис. А може и боја, не гледам дека смета некако.