Македонски метал бендови

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Господине Solstice тоа што јас ги искењав е мојот став, мое мислење. Проблемот е што ти имаш проблем со тој став/мислење. Ај сеа кажи ми што имам јас преслушано штом ти толку многу повеќе знаеш за музика од мене? Гледам и дека нешто промашуваш, не реков „Вокалот брмчи ко томос“ туку реков дека звучат ко вревење на томос. Жити све, инстументален прог нема хармонија, мелодичности, гитарска техника и разнобојност? АХА затоа има ПРОГРЕСИВЕН во името на жанрот. Те молам, воздржи се од коментари и иди до некој кој познава музичка теорија и кажи му го истово ова што сега го напиша и проследи му ја реакцијата.

Те молам, првин проучи го убаво нео-класикал као правец и види хармонска тежина, прогресија, ритмика, мелодичност и после иди провери го истото за прогресив метал и спореди.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31

Каде јас реков дека инструментален прогресив го НЕМА сето тоа?
Еве,ја гледам твојата реакција,како некој што навистина многу е упатен во музичка теорија,и гледам дека многу грешам.
Јас да го проучам нео-класикал како правец? А ти си го проучил ли?
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Lena фала што ме потсети на дечкиве,ги немам слушнато во живо,но другар ми имаше пратено по нешто од нивниот репертоар,и би го издвоил каверов на Електричниот Чичо Сем од Прајмус:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во Охрид прават свирки( можеби сега и по други градови не сум сигурна)
постојат повеќе од 10 години,
едно време воопшто и не свиреа
но сега пред 3-4 години повторно се обединија и ете почнаа.
И им посакувам се нанај:) те да стигнат далеку.
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
И пак истата песна. Дали е некое заболување или други неразјаснети појави,зошто секој што слуша метал мора да биди и музички продуцент истовремено, поделби на стилови, кој повеќе знаел кој по-геј бенд слушал, ова е срање она е јако итн...
Буквално истите муабети и причина плус зошто ми се одмилени хеви металците како појава. Многу пати ќе присуствувам на свирка што мислам дека би требало да биди добра а не е,заради гаражното озвучување што се носи,али небитно.После завршувањето,наместо да се тера разговор, се слуша пцуење препукување кој бил по-геј правец,кој слушал срање кој квалитетна, кој какви маици имал кој бил позер кој прав металец.....

Еве чист пример:

Јас изнесов мислење за тоа што поштујем и зошто другите не ги поштувам, а ти веројатно имаш проблем со тоа.

Прво, Тотем свират инструментален прог метал. Знаеш колку е комплексноста на тоа, а колку на техникал дет? Јаболко за даскалот се исто така инструментален прог метал. Се обложувам дека ти не си ги ни слушнал (ама биди целосно искрен). Замисли само мене омилен бенд ми се Dream Theater, а тоа верувам дека знаеш не е Сатријани прогресија. Искрено, ме мрзи да барам постови од членовите на овие бендови на еден друг форум каде што постојано после свирка ако некој им плеснеше дека нешто не било ко што треба одма го напаѓаа тонецот. На крај се појави некој поискусен и им покажа убаво дека е во нив проблемот.

Патем, јас не ни очекувам ти да имаш познавање од музичка теорија нити од гитарска техника.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
И пак истата песна. Дали е некое заболување или други неразјаснети појави,зошто секој што слуша метал мора да биди и музички продуцент истовремено, поделби на стилови, кој повеќе знаел кој по-геј бенд слушал, ова е срање она е јако итн...
Буквално истите муабети и причина плус зошто ми се одмилени хеви металците како појава. Многу пати ќе присуствувам на свирка што мислам дека би требало да биди добра а не е,заради гаражното озвучување што се носи,али небитно.После завршувањето,наместо да се тера разговор, се слуша пцуење препукување кој бил по-геј правец,кој слушал срање кој квалитетна, кој какви маици имал кој бил позер кој прав металец.....

Еве чист пример:
My thoughts exactly. Ја на свирки у принцип се оградувам од таквите дискусии. И не ми смета никакво гаражно озвучување,заебан микрофон,утната нота итн. Порано не беше така,порано сите беа пријателски настроени,муабетите беа "Кога ќе извадите албум" или "Ќе свирите ли нешто од новиот материјал,добра ти е новата гитара" итн. Затоа и поретко одам на свирки во последно време,луѓето што одaт сега се тотално различни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and DarkPassenger

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Solstice, јас сум лошиот само затоа што ги искењав тие што ги искењав? :)
Пер, ти цитирам еден познат светски признат уметник-фотограф од Македонија со кој јас ете имам можност често да разговарам, а тој вели „Знаеш што ме нервира во Македонија? Општо се` што е уметност се случува да не наидува на критика. Јас не сум прочитал во некоја колумна или напис некој да каже дека бил на свирка и нешто не му се свиѓало, друго нешто му се свиѓало, бил на изложба и да напише што му се допаѓа што не му се допаѓа.“
Јас стварно не дискутирам за вкусови, пример тебе ти се свиѓа повеќе техникал дет, гриндкор, краст и сл. (онака зборам, не конкретно за тебе) и мене ми е во ред тоа, неам ништо против. Но кога станува збор за анализирање парче музика обично сите се навредувате ако некој каже дека некој технички не е добар, нешто не било ко што треба и сл. Напротив, јас би бил среќен кога во Македонија би видел навистина спремна метал сцена, ама ако сакаме такво нешто треба малку и самокритичност. Не се секогаш криви тонците, не се секогаш криви нити бендовите, ете често пати некои имаат проблеми со мониторите или нешто слично па не го слушаат остатокот од бендот убаво и не се дотолку искусни за да се снајдат. Но за да се надмине сето тоа треба сите да си ги прифатат грешките кои ги прават. Јас сум имал можност да правам муабет со неколку гитаристи од Македонија и повеќето постојано се вадат на тоа дека тонците ги местат за да звучат така намерно демек, гитарите им се криви (демек не им лежеле убаво), после па појачалата и сл. сите се криви освен тие самите. Но има и такви кои што си признаваат дека ете ги фатило трема пред публика, не вежбале доволно со бендот, имаат проблем со одреден дел од техника и сл. и тоа ми е многу поприфатливо одошто нон-стоп да се вадат на едно исто демек „Можеме повеќе, ама тонецот мамата негова он е крив“.
Само пример ќе ти ги дадам Алогија од Србија. Пред две години кога им бев на свирка пред нив беа Серпентин и Хол оф синс. Нашиве бендови тотално се изгубија, ја мислев дека нешто не е во ред со озвучувањето. Онака крш свирка. Идат Алогија и се` е супер. Слушаш убав звук, солидно отсвирени солажи, убаво среден звук. Ама искуството си го прави своето.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Како и да е, сигурна сум дека секој се труди да звучи најдобро и да научи повеќе со стекнатото искуство за во иднина да биде подобар. И мило ми е што и тие малкубројни бендови постојат, создаваат музика и прават свирки. So, support the local scene.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас во главно не сакам Бог знае колку метал музика ( Бог и метал у иста реченица замисли :D), така да не сум компетентна да одредувам професионалци и аматери за тој жанр.
Од она што сум го слушнала, тие два бенда кои ги издвоив ми се бендисале најмногу, посебно Марас кои освен убавата музика имаат прекрасно напишани текстови.
Мене само не ми е јасно, зашто не поднесувате критика?
Значи ако на некој нешто не му се допаѓа и си дава аргументи зашто е тоа така, не мора да се согласувате али бар почитувајте.
Не мора да копате очи зашто она што го изнел како став се коси со вашата замисла на воодушевување кога сте ја напишале темава.

Бај д веј, некој погоре ги спомна Hardfaced.
Да, ми се бендисуваат и они.