1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Македонски метал бендови

Дискусија во форумот 'Музика' започната од Solstice, 23 март 2013.

  1. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Колку од нив имате слушнато? Кои ви се омилени?









     
    На Elizabeth Bathory, DarkPassenger и True_Blood им се допаѓа ова.
  2. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536






     
    На Elizabeth Bathory, Nightmare_f и True_Blood им се допаѓа ова.
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396

     
    На Elizabeth Bathory му/ѝ се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Од македонски метал бендови поштујем само Санаториум, Јаболко за даскалот и Тотем. Другото ми е ептен тапа. Недоквакани металци кои не знаат ни да се наштимаат, појачалата ги рокаат до крај на свирка и после тонците им се криви, креативност и техника скоро никаква...меех. До лани идев по свирки чат-пат, сеа јок. Секоја чест на исклучоците кои реално се многу малку (пример Ади Имери).
     
  5. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Сериозно? Покрај такви техничари,ти сметаш дека освен тие 3 бендови,сите други се недоквакани некреативни металци?
     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Жити се`, де покажи ми техника во ова што го слушаш во тие ти што ги наведе. Верка? Си ги слушал во живо? Звучат ко сто камиони да ти застанале под тераса и брмчат ко нездрави. Серпентин? Креативност нула, солажи ко да слушам Пантера на касетофон кој прерипува делови од касети, плус бојата никаква. Hall of sins? Decadence? Ѕвер е добар гитарист? Неговите арпеџа звучат добро надолу, но нагоре се слуша само „влуп“ и да не е gain-от на појачалото рокнат до крај ни надолу нема да звучи. Скалкраш? Деменси? Ко да слушам некој томос што само вреви. Денис од Тотем може да им предава техника и хармонија, Ади може да ги учи како се мести опрема и да ги учи мелодичност, а од Санаториум можат да учат за добар метал.
     
  7. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Верка сум ги слушал 5 пати во живо,и го имаат еден од најдобрите бубњари кај нас,да не зборувам што се едни од најуникатните бендови на нашево поднебје. Нивото на креативност на Серпентин е еднакво на она на Санаториум,само што у принцип ти Санаториум ги величиш како постар бенд. Немаат некоја техника во свирењето,а вокалот не ме кејфа. Патем,ретко кој вокал во македонски метал бенд што не е гроул или скрим ме кејфа. Кај Фјурион важи истото,Каљо и компанија прават фузија од треш и наш фолклор,и се повеќе од одлични,освен вокалот,како што реков,не ми се сфиѓа во секоја песна. Demency се техникал дет,не ни очекуем да разбереш толку комплексна музика,верувам дека за тебе освен Сатријани прогресија се друго ти звучи како бучава на кола. Скалкраш е еден од ретките бендови кај што ми се допаѓа вокалот,вчера направија одлична атмосфера,и никој од нив не се пожалил на тонци или на штимање,звучеа предобро. За Aeon Arcanum нема да ти коментирам,комотно преслушај го албумот,и потоа коментирај сам :)
     
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Јас изнесов мислење за тоа што поштујем и зошто другите не ги поштувам, а ти веројатно имаш проблем со тоа.

    Прво, Тотем свират инструментален прог метал. Знаеш колку е комплексноста на тоа, а колку на техникал дет? Јаболко за даскалот се исто така инструментален прог метал. Се обложувам дека ти не си ги ни слушнал (ама биди целосно искрен). Замисли само мене омилен бенд ми се Dream Theater, а тоа верувам дека знаеш не е Сатријани прогресија. Искрено, ме мрзи да барам постови од членовите на овие бендови на еден друг форум каде што постојано после свирка ако некој им плеснеше дека нешто не било ко што треба одма го напаѓаа тонецот. На крај се појави некој поискусен и им покажа убаво дека е во нив проблемот.

    Патем, јас не ни очекувам ти да имаш познавање од музичка теорија нити од гитарска техника.
     
  9. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Топ 3: Smut, Hardfaced и Furion.



     
    На Solstice му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Eдно е да изнесуваш мислење на тоа што поштуваш,а друго е да кењаш на се друго само затоа што не спаѓа во твојот омилен подправец на метал.
    Ги имам слушнато и Тотем и Јаболко за даскалот,бев присутен на дел од нивниот настап во парк на Школка,пролетта 2008(молим те немој да се пуваш со твоето познавање на метал бендови,кога од цела метал сцена издвојуваш само три).
    Dream Theater се супер,Сатријани не е прогресија,друго ми беше значењето на тоа,ако не сфати.
    Жити све,инструментален прог метал има музикалност,хармонија,гитарска техника,разнобојност,а техникал дет нема,претпоставувам само затоа што вокалот "звучи како томос"?
    Музички познавања имам многу повеќе од тебе затоа што сум далеку поразновиден кога се работи за музика од било кој жанр.
    И ако твоите музички познавања се толку големи,ќе знаеше дека техникал дет е еден од најтешките поджанрови за свирење во металот. За нео-класикал да не ти зборам. Изволте:
     

Сподели: