Македонија за 10-20 години

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
До сви „оптимисти“ , сс командира на УЧК на чело на АРМ, нема надеж за овуј државу. Све док су агресори на власт пиши пропало. А, боље ЈУ него ЕУ!

Твоја одлука било тоа? Не....

Тогаш зошто мислиш дека не можеш ништо да смениш, зошто мислимо дека неможемо ништо да сменимо?

Ставајќи не еден спроти друг да изиграваме противници , си играат со нашата слога , и управуваат со нас и со нашите мозоци дури и во нашите најбунтовни години кога би требало да мислиме дека можеме да го превртиме светот наопаку...

Не сакам да ги поправам грешкете на другите постари “помудри“ државо-водачи, правејќи свои грешки. Можеме да одлучиме нешто друго.... мое мислење...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам кој би се пожалил на песимизмот меѓу народот, кога ништо оптимистичко не се случува во државава.
Ајде бре, некој против кој со крв на наши деца сме се бореле, сега да ни биде министер за одбрана? Irony at its finest.
Исто ко Америка да го ставеше Бин Ладен за министер. Биказ фак лоџик.
Кога еден Амди Бајрам има пристап до сцена и микрофон, а на глупостите кои ги шљапа, добива аплауз, ми иде во слепоочница да си пукам.
Кога Харлем Шејк ни се дешава по собрание на најмизерен можен начин, и тоа не за народот, туку кој да седне на поудобно столче, а повеќе да наполни џеб, макар и по цена да си го продаде газот, како да очекуваме од истите тие да носат правилни одлуки за нас?
Искрено, страв ми е да помислам што ќе се случува за 10-20 години, имајќи ја предвид моменталнава ситуација.
И да не сака човек да вмеша политика, сепак политиката го гради целиот систем, а ние сме само шупелките што свират по издиктираните ноти.
A полека преминуваме и во безгласни букви.
Ако нагаѓаме, има безброј опции, од кои, искрено, последна на листа ми е дека ќе се опаметиме и ќе напреднеме на некое клучно поле.
Па по ЕУ сме се попалиле. Со кои црни критериуми бе?
Таман за 10 години уште 500 денари ќе ги зголемат пензиите/платите, а богами и бројот на споменици, кои, ако го промениме името, губат секаква вредност и можеме буквално само да се сликаме до истите. Претседателот ќе имаме среќа ако не ни биде од браќата, кој, секако, по дифолт ќе се залага за својот обесправен народ, оти он га потпишуел на Рамковни, а ми то не смо га почитоваљи, па че га прави хавуз со зоља.
Мех...не.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Јас имам некое поразлично предвидување од вас сите.
После 20 години Македонија ќе се приватизира. Ќе надојдат Шеици од Катар, Дубаи бизнисмени од Индија, Кина , Азарбеџан и руски милијардери да инвестираат во ова мало парче земја со намера да го направат вистинскиот бисер на балканот. Првата инвестиција ќе биде према инфраструктурата на државата, ќе се изгради афтопат со 4 ленти од Скопје до Охрид со подземни тунели на стража, со што ќе ги затвори мекиците (но дотогаш тие веќе ќе имаат отворено претставништво во сите градови). Бензиски и маркети на секој чекор, трговски центри од најпознатите имиња, Парис Хилтон со нов проект за градење хотели во Кичево и Ресен. Изградена жичара во Куратица и конечно бетонски базен, foREVer новиот градоначалник на селото. Секое село свој градоначалник кој ќе располага со буџет од 2 милиони. Во охридско езеро Субрата Рој гради нови 4 пристаништа и ги ангажира легијата на странци да ги исчистат албанските пирати. Милчо Манчевски со нова премиера и 6 номинации за оскар за новиот филм: Тетки.. главни ликови Бред Пит, Камерон Диаз, Сашко Коцев, негативец во филмот Тони Михајлоски и е номинирам со златна малина за глумата во филмот.
Слаткар пее опера во Венеција, Лозаноски кариерата ја префрли во Франција со нов почеток, Влатко Илиески во Русија, Драганче Митрески , Гулабица, Ристе од Пирпор и Глоријан се заангажирани во квартет да направат сеир песна на арапски со посвета за шеикот Абдула Алих Мехмед.
Ѓоко Танески повторно по 5ти пат на евровизија со нумерата насловена- јас ја имам рибата..се надеваме на победа овој пат, азарбеџанците подкупуваат гласови насекаде низ европа.
Вестите со најава за нови проекти :Стаза за формула во Кочани, саем за градежништво во Пехчево, 2 нови аеродроми во Струмица, скијачки центар во Дебрца и 40 нови статуи од ликовите на пратениците во Скопје.
Битола градот на конзулите- чкембарите и нивниот Пелистер ја поминаа ждрепката во Лига на шампиони, закажан наредниот натрпревар во четврток 17.03.2035 во 19 часот, играат против црвените ѓаволи од Манчестер.
Прилеп прави ново кале, пронајден е гробот на Александар македонски во Тополчани, гејците во штрајк и тежок банкрот протерани се од ЕУ- и повеќе не ги занима името на Македонија. Преговорите се свртиа на наша страна, дадена е нова понуда во вредност од 750 милиарди за Солун и краците од Македонија.
Светското фудбалско порвенство ќе се одржува во Скопје на арената Филип втори, во македонската репрезентација Пандев ќе биде тренер, бројот на македонски фудбалери ќе биде 2, и тие ќе бидат ставени како замена (2ра постава).
Гостивар и Тетово ќе ги предадеме на Албанија да не го грдат името бисер балкански. Куманово конечно етнички чист - хулиганите во затвор, управител на затворот parvati.
Во Св. Николе градот на културата е завршен натпреварот за боди билдинг, Trajche го освојува пехарот- честитки од целиот форум.
Новата турка сапуница Перихан (@sahar главна улога ), се снима во Дојран. Дојран се вбројува во топ 10 романтични градови во светот, исто така е фатен Сом со тежина од 107 килограми, дојдени се новинари од discovery да ги снимат и испитаат тоа чудо- наликува на чудовиштето од Локнес.
Хотел Дрим во Струга располага со хиликоптерски паркинг, и казино од светски ранг, четвртиот спрат во казиното се игра само блек џек и масите се од почетен влог на рака 500 евра до unlimited.
Се гради Нов град- Права Паланка на падините на Осоговските планини, старата Крива паланка веќе е премногу населена и влегува во ранг загадени градови од преголемата и преразвиена индустрија. alba и Foxboro во трка за најдобар бизнисмен на годината во областа на индустријата, чекаме корпорацијата Бизнис- унион да ги објави завршните сметки.
Судот за човекови права од Салзбург е преместен во Неготино, новото метро кое постигнува брзина од 250 km/h за прв пат е тестирано на железницата Кавадарци - Берово.
Крушевските целуфки најпродавам производ во Европа, гробот на Тоше најпосетувана дестинација во Светот. Во Велес преку протестите од минатата година ја затвориа термоцентралата, сега ќе се градат ветерници, ќе наликува на германските села.
Ноне Неделковска се омажи за руски милијардер и повторно се враќа на музичката сцена, првиот концерт и промоцијата на албумот е закажан на 35.08.2037 во Росоман , а јас нема да одам.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не знам кој би се пожалил на песимизмот меѓу народот, кога ништо оптимистичко не се случува во државава.
Ајде бре, некој против кој со крв на наши деца сме се бореле, сега да ни биде министер за одбрана? Irony at its finest.
Исто ко Америка да го ставеше Бин Ладен за министер. Биказ фак лоџик.
Кога еден Амди Бајрам има пристап до сцена и микрофон, а на глупостите кои ги шљапа, добива аплауз, ми иде во слепоочница да си пукам.
Кога Харлем Шејк ни се дешава по собрание на најмизерен можен начин, и тоа не за народот, туку кој да седне на поудобно столче, а повеќе да наполни џеб, макар и по цена да си го продаде газот, како да очекуваме од истите тие да носат правилни одлуки за нас?
Искрено, страв ми е да помислам што ќе се случува за 10-20 години, имајќи ја во предвид моменталнава ситуација.
И да не сака човек да вмеша политика, сепак политиката го гради целиот систем, а ние сме само шупелките што свират по издиктираните ноти.
A полека преминуваме и во безгласни букви.
Ако нагаѓаме, има безброј опции, од кои, искрено, последна на листа ми е дека ќе се опаметиме и ќе напреднеме на некое клучно поле.
Па по ЕУ сме се попалиле. Со кои црни критериуми бе?
Таман за 10 години уште 500 денари ќе ги зголемат пензиите/платите, а богами и бројот на споменици, кои, ако го промениме името, губат секаква вредност и можеме буквално само да се сликаме до истите. Претседателот ќе имаме среќа ако не ни биде од браќата, кој, секако, по дифолт ќе се залага за својот обесправен народ, оти он га потпишуел на Рамковни, а ми то не смо га почитоваљи, па че га прави хавуз со зоља.
Мех...не.
Сум против песимизмот,но морам да се сложам дека целата вистина лежи во постов,иако е полн со политика.

Сакам да сум оптимист и тоа и без основа,сакам моите деца,вашите,на комшиите....да живеат живот малку по реален и по демократски од овој што ни се нуди во моментов.
Сакам да ја гледам Македонија како држава во која на народот не му е примарна работа политиката.
Сакам да ја гледам Македонија како држава во која живеат вистински умерени патриоти,кои наместо само да се чукаат по градите да ја сакаат државичката онолку колку што се произнесуваат за тоа.
Сакам да ја видам Македонија со подобра економска состојба,подобра култура во народот и секој да си ја гледа својата работа пред се,а после на комшијата,ако им преостане воопшто време.
Сакам и се надевам дека ке ја видам таква.Други,,сценарија,,не сакам ни да замислам.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
За 10-20 години Македонија ќе стане центар на балканот.Во продажба на кокаин низ цела европа.Нешто слично као она што сите знаат дека Црна Гора шверца цигари на големо, ама ние ќе идеме со бело.
Ќе владее тој што во моментов е шеф на државата со иницијали с.м.Него ни господ не го симнува освен ако некоја будала шо нема фамилија не се крене во воздух со бомба барабар со него.
Член сум на албанска партија на власт.Можам со сигурност да ви тврдам дека за 10 години сите министри ќе бидат албанци.А македонците само нивни помошници.Ако воопшто ги има македонците како такви.
Џабе се прскате со тоа што терорист е ставен за министер.Сакате да видите другите команданти што функција имаат?
Командант Тали- главно лице во една општина за средување на имоти/парцели.
порано?
Заменик командант на Она.Дејствува во Кумановскиот регион.

Абедин Зимбери?
Рафис Алити?
Да спомнувам уште? Или доволно е?
Еден од партијата,човек со голема позадина ми тврди дека Македонија освен што ќе биде отцепена, ќе биде официјален јазик албанскиот.Да не зборам дека ќе станеме косовска покраина.
Тие што не почнале со својата кариера сеуште овде во мкд нека фаќаат парталите и правец на брод.Останатите или влезете во коалиција со нив или самоубијте се
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Па за 10-20 години сигурно ќе биди исто како сега, само може да има некој споменик плус...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
За 10-20 години Македонија ќе стане центар на балканот.Во продажба на кокаин низ цела европа.Нешто слично као она што сите знаат дека Црна Гора шверца цигари на големо, ама ние ќе идеме со бело.
Ќе владее тој што во моментов е шеф на државата со иницијали с.м.Него ни господ не го симнува освен ако некоја будала шо нема фамилија не се крене во воздух со бомба барабар со него.
Член сум на албанска партија на власт.Можам со сигурност да ви тврдам дека за 10 години сите министри ќе бидат албанци.А македонците само нивни помошници.Ако воопшто ги има македонците како такви.
Џабе се прскате со тоа што терорист е ставен за министер.Сакате да видите другите команданти што функција имаат?
Командант Тали- главно лице во една општина за средување на имоти/парцели.
порано?
Заменик командант на Она.Дејствува во Кумановскиот регион.

Абедин Зимбери?
Рафис Алити?
Да спомнувам уште? Или доволно е?
Еден од партијата,човек со голема позадина ми тврди дека Македонија освен што ќе биде отцепена, ќе биде официјален јазик албанскиот.Да не зборам дека ќе станеме косовска покраина.
Тие што не почнале со својата кариера сеуште овде во мкд нека фаќаат парталите и правец на брод.Останатите или влезете во коалиција со нив или самоубијте се

Не сакам да се расправам на форумов со ниту еден член , ама постов има голема доза на провокација....но ќе се воздржам.

Да верував во тоа што го кажуваат по македонските партии, сега ќе пишев дека Македонија за 10-20 години ќе биде новиот Дубаи, а вие подгответесе дома од чешмите да ви тече нафта.

Мислам хелоууу, како инаку би ве задржиле како членови по партиите??? нормално ќе ви вртат такви приказни и гачки, за да се чукате во гради, и за да станете нивни активисти , жедно очекувајќи да дојде моментот кога ниту еден македонец нема да биде во македонија.

Колку омраза човечеееее, и колкава жед за одземање нешто што е туѓо....
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
За 10-20 години Македонија ќе стане центар на балканот.Во продажба на кокаин низ цела европа.Нешто слично као она што сите знаат дека Црна Гора шверца цигари на големо, ама ние ќе идеме со бело.
Ќе владее тој што во моментов е шеф на државата со иницијали с.м.Него ни господ не го симнува освен ако некоја будала шо нема фамилија не се крене во воздух со бомба барабар со него.
Член сум на албанска партија на власт.Можам со сигурност да ви тврдам дека за 10 години сите министри ќе бидат албанци.А македонците само нивни помошници.Ако воопшто ги има македонците како такви.
Џабе се прскате со тоа што терорист е ставен за министер.Сакате да видите другите команданти што функција имаат?
Командант Тали- главно лице во една општина за средување на имоти/парцели.
порано?
Заменик командант на Она.Дејствува во Кумановскиот регион.

Абедин Зимбери?
Рафис Алити?
Да спомнувам уште? Или доволно е?
Еден од партијата,човек со голема позадина ми тврди дека Македонија освен што ќе биде отцепена, ќе биде официјален јазик албанскиот.Да не зборам дека ќе станеме косовска покраина.
Тие што не почнале со својата кариера сеуште овде во мкд нека фаќаат парталите и правец на брод.Останатите или влезете во коалиција со нив или самоубијте се
Македонија и денес е центар на Балканот и денденес се шверцаат нелегални работи низ неа ова е јавна тајна. Твојот с.м. нема да е вечен сите еден ден ке умреме знаеш ли ?
Сакаш да кажеш дека си лизач на Дуи, епа убаво и не тврди ништо со сигурност зш нели заклучивиме дека не си образован посебно за филозофијата на политиката а по вашите штабовите може да си прајте до 101 филм.
Не се прскаме шо тоа шо Тали (ептен нагалено си го пишал да види секоја вечер пред спиење ке ти ја чита Рат и Мир ) тоа беа самонапалени тинејџери и ако е министир, АРМ има и Врховен командант ;)
И добро е што сте у власта иначе нели ке се мислеше на кој споменик да се обесиш уствари да се самоубиеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and violetmoon

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Секогаш сум бил оптимист и верувам ке си останам како таков ... Македонија си ја гледам подобра на сите полиња, со помирен живот, со повисока култура, со поголеми успеси и попаметни и народни политичари кои ке знаат дека фунцкијата им е да бидат покорени на народот, а не обратно .
Споро ке напредуваме на сите полиња, ама затоа ке одиме чекор по чекор ... ако не за 10-20, за 40-50 ке бидеме прекрасна земја за живеење.

th_macedonia-flag-waving-emoticon-anim.gif
I LOVE MACEDONIA​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Oleri and Kalino.Mome

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Македонија? Зарем ќе постои такво нешто? Подобро кажано, мислите дека постои такво нешто?