Македонија за 10-20 години

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Отвори ја прикачената датотека 15472

Замисли само овој погоре колку е виновен затоа што пола држава е сиромашна и многу немаат куќа нити пак леб за јадење.Дали знаеш дека маркираниов господин е сопственик на фирма за „продажба“ на патики, и истиот има испрано преку 5 милиони евра преку фиктивни фактури за извршени услуги.
Дали знаеш колку усти ќе биле наранети со тие пари?
А истиот е македонец, патриот од владеачка партија, кој е скромен и има имотна состојба од 500 евра.Грев манастирски :D

Значи муабетот ми беше дека многу ги пратите работите за некој што по вас се издвојува или ќе каже различно мислење и одма е предавник итн итн.

Погледни наоколу и види колку патриоти ја предаваат државата и ја цицаат како пијавици.


Поздрав4е
Во случајов,не беше ,,нападнат,,оти си различен.
Маркираниов да беше член на форумов,и да напишеше исто како тебе,пак исто ке беше цитиран,само што можеби тој немаше да се смета за дека се извојува.:wub
Поздрвчиња бек (flower)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Oleri

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Отвори ја прикачената датотека 15472

Замисли само овој погоре колку е виновен затоа што пола држава е сиромашна и многу немаат куќа нити пак леб за јадење.Дали знаеш дека маркираниов господин е сопственик на фирма за „продажба“ на патики, и истиот има испрано преку 5 милиони евра преку фиктивни фактури за извршени услуги.
Дали знаеш колку усти ќе биле наранети со тие пари?
А истиот е македонец, патриот од владеачка партија, кој е скромен и има имотна состојба од 500 евра.Грев манастирски :D

Значи муабетот ми беше дека многу ги пратите работите за некој што по вас се издвојува или ќе каже различно мислење и одма е предавник итн итн.

Погледни наоколу и види колку патриоти ја предаваат државата и ја цицаат како пијавици.


Поздрав4е
Камчев има фабрика во мојот град и знам дека сите таму работат за 100 евра некои ни толку не земаат, а периодов за кампањата се шиеја за владеачката партија маици и ред др работи работниците одеа не во три него во четири смени знаеш за што кажувам и знаеш што добија за прекувремено работа една маица е толку се вреднуваше нивниот труд. Мене ми е јасно што ми кажуваш ама и ти не си различен од него и ти така ги искоритуваш твоите вработени и ти прекриваш данок и најбитното си допринесувал за уништување на млади животи т.е. богати копилиња нели? За неговото богатство не коментирам зш не е мала работа на жена му да има жирафа како милениче.
Да мене ми е јасно моментално сите патриоти шо силно се удараат во гради као живот ке дадат за државата токму тие ја уништуваат ама ке има крај верувај зш на народот уште водата во очите му остана.
Ме интересира мене друго нешто и погна на девојчето шо работеше како келнерка или за тоа ни продаваше финти на мајка тереза на форумот ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Како поминува времето, на година-две, правам паралела за тоа како функционирала Македонија до 2000-2001, и после војната. Секогаш сметам дека случувањата во 2001 се клучен фактор за одредување на понатамошните состојби и организацијата на државното уредување во нашата држава.
Од почетокот на спроведување на Рамковниот договор, Македонија за највеќе 10 години ја гледам како Федерација (евентуално Конфедерација), со признаена автономност на дел од Западна Македонија (како предлогот пред 25-30 години за Косово и Војводина со СФРЈ). Зголемената употреба на албанскиот јазик во институциите (Собрание, администрација, управните органи, автобусите, гласачките ливчиња, патоказите) се повеќе од доволен сигнал дека нешто се спрема на подолг период. Ненормалните вработувања во државната администрација според Рамковниот договор се вториот двигател на неизбежната поделба на државата и за нив е излишно да зборувам.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Три букви, првата разделена од другите две со празно место. накратко: У пм.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Некако оптимистички сум делувал во погорниве постови.

Во даденава ситуација, воопшто не типувам на арно. Покрај поделен народ, уништен образовен систем, срозано здравство, закопан правен систем и буквално се` под капата на извршната (па и законодавната) власт, прашање е на години, не децении за егзистирање на државава како „независна“ единка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Македонија во 1996.
Анкета на МТВ-1 `Добар ден госпожо, што мислите вие дека ќе биде со нашата мила, драга, сакана, обожавана татковина за 10 години?

Македонија во 2006.
Рандом лик на Мајспејс/Хајфајв/Мирц `И шо викате ќе биде подобро за 10 години а?`

Македонија во 2016.
Тема на форум `Македонија за 10-20 години` :rofl

Македонија во 2026.
Провајдер на холограмски услуги ги известува можните корисници дека првата холограмска база е пуштена во употреба, раја се собира на холо-форуми на нет во 3Д и си прави муабет во риал тајм. 91% од вработените се на државна цицка. Некој споменува дека со 200 евра не се живее...

Македонија во 2036.
Не постои повеќе, појео је мрак. (лично се надевам дека ќе биде и поскоро)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and 990Freak

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Македонија и по 30-40 години нема да биде ништо поразлична од сегашнава...
Дно дна, застанало времето, со него и интелигенцијата на народот...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За 20 години во учебниците по Историја ќе пишува како тоа патриотот Груевски ја спаси Македонија од канџите на Заев, и после тоа среќно си владееше и си ги полнеше сметките на Белизе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Јас мислам дека за 10-20 години живеење во македонија,ќе бидеме 10-20 години постари,ништо друго!