Македонија за 10-20 години

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 300 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
440
673
A Galaxy far, far away...
За 10-20 години ќе се присетуваме на денешново време со фрази како „старите добри времиња“, „госпот кога шеташе по земја и делеше субвенции“ и „барем се градеше“. За 10-20 години просечниот македонски граѓанин ќе биде доведен на питачки стап и ќе тагува по времето кога работел за 6000 денари во конфекција. На вработените во администрација ќе се гледа како на божества, идоли, модели на општеството. Државната цицка ќе биде сон за кој ќе се прави се, буквално се...

Зошто песимизам? Затоа што во Македонија не остана критичка маса која може да создаде трета опција која ако ништо друго, барем ќе расчисти со баграта од двата табора кои ја ограбија државата и барем некои идни политичари ќе ги држи страв едно 10-на година, пред да почнат да пљачкосуваат и самите. Не постои ни народ со елементарни морални принципи, кој би кажал не, туку само поданици од различна провиненција кои се прават на Тошо и не ги интересира ништо се додека доаѓаат оние 200 евра на крајот од месецот. Не постои ни некаков социјален стремеж, некој квалитет на живот кој треба да се достигне, затоа што само постарите генерации виделе подобро а скоро никој нема претстава како се живее во други држави. За поголемиот дел од луѓето, ова е тоа и „ќути има и полошо“.

Не постои никаква надеж базирана на реални показатели, дека нешто ќе тргне на подобро. Среќа една што кај и да е за 10на година милион луѓе ќе се отселат, и тоа што ќе остане ќе биде администрација, пензионери и луѓе кои живеат со пари пратени од роднини од странство. И така ќе туркаме, до каде ќе стигнеме останува да се види.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,426
2,014
1,123
Воз за Крива Паланка нема да видиме пред 2020 година - http://www.build.mk/?p=50288
Што сте толку песимисти, битно се гради :zelen
Јас мајка Македонија за 10 - 20 год планирам да ја гледам од дијаспората и од таму ќе се јавувам на тв и ќе викам ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ :svirka
Највеќе од се ми е криво што образованиото си го уништивме, можеби не учевме од по најнови методи ама имавме знаење, сега ни го направиа само обичен бизнис.
 
  • Like
Реакции: Saladin