Јас имам некое поразлично предвидување од вас сите.
После 20 години Македонија ќе се приватизира. Ќе надојдат Шеици од Катар, Дубаи бизнисмени од Индија, Кина , Азарбеџан и руски милијардери да инвестираат во ова мало парче земја со намера да го направат вистинскиот бисер на балканот. Првата инвестиција ќе биде према инфраструктурата на државата, ќе се изгради афтопат со 4 ленти од Скопје до Охрид со подземни тунели на стража, со што ќе ги затвори мекиците (но дотогаш тие веќе ќе имаат отворено претставништво во сите градови). Бензиски и маркети на секој чекор, трговски центри од најпознатите имиња, Парис Хилтон со нов проект за градење хотели во Кичево и Ресен. Изградена жичара во Куратица и конечно бетонски базен,
foREVer новиот градоначалник на селото. Секое село свој градоначалник кој ќе располага со буџет од 2 милиони. Во охридско езеро Субрата Рој гради нови 4 пристаништа и ги ангажира легијата на странци да ги исчистат албанските пирати. Милчо Манчевски со нова премиера и 6 номинации за оскар за новиот филм: Тетки.. главни ликови Бред Пит, Камерон Диаз, Сашко Коцев, негативец во филмот Тони Михајлоски и е номинирам со златна малина за глумата во филмот.
Слаткар пее опера во Венеција, Лозаноски кариерата ја префрли во Франција со нов почеток, Влатко Илиески во Русија, Драганче Митрески , Гулабица, Ристе од Пирпор и Глоријан се заангажирани во квартет да направат сеир песна на арапски со посвета за шеикот Абдула Алих Мехмед.
Ѓоко Танески повторно по 5ти пат на евровизија со нумерата насловена- јас ја имам рибата..се надеваме на победа овој пат, азарбеџанците подкупуваат гласови насекаде низ европа.
Вестите со најава за нови проекти :Стаза за формула во Кочани, саем за градежништво во Пехчево, 2 нови аеродроми во Струмица, скијачки центар во Дебрца и 40 нови статуи од ликовите на пратениците во Скопје.
Битола градот на конзулите- чкембарите и нивниот Пелистер ја поминаа ждрепката во Лига на шампиони, закажан наредниот натрпревар во четврток 17.03.2035 во 19 часот, играат против црвените ѓаволи од Манчестер.
Прилеп прави ново кале, пронајден е гробот на Александар македонски во Тополчани, гејците во штрајк и тежок банкрот протерани се од ЕУ- и повеќе не ги занима името на Македонија. Преговорите се свртиа на наша страна, дадена е нова понуда во вредност од 750 милиарди за Солун и краците од Македонија.
Светското фудбалско порвенство ќе се одржува во Скопје на арената Филип втори, во македонската репрезентација Пандев ќе биде тренер, бројот на македонски фудбалери ќе биде 2, и тие ќе бидат ставени како замена (2ра постава).
Гостивар и Тетово ќе ги предадеме на Албанија да не го грдат името бисер балкански. Куманово конечно етнички чист - хулиганите во затвор, управител на затворот
parvati.
Во Св. Николе градот на културата е завршен натпреварот за боди билдинг,
Trajche го освојува пехарот- честитки од целиот форум.
Новата турка сапуница Перихан (@sahar главна улога ), се снима во Дојран. Дојран се вбројува во топ 10 романтични градови во светот, исто така е фатен Сом со тежина од 107 килограми, дојдени се новинари од discovery да ги снимат и испитаат тоа чудо- наликува на чудовиштето од Локнес.
Хотел Дрим во Струга располага со хиликоптерски паркинг, и казино од светски ранг, четвртиот спрат во казиното се игра само блек џек и масите се од почетен влог на рака 500 евра до unlimited.
Се гради Нов град- Права Паланка на падините на Осоговските планини, старата Крива паланка веќе е премногу населена и влегува во ранг загадени градови од преголемата и преразвиена индустрија.
alba и
Foxboro во трка за најдобар бизнисмен на годината во областа на индустријата, чекаме корпорацијата Бизнис- унион да ги објави завршните сметки.
Судот за човекови права од Салзбург е преместен во Неготино, новото метро кое постигнува брзина од 250 km/h за прв пат е тестирано на железницата Кавадарци - Берово.
Крушевските целуфки најпродавам производ во Европа, гробот на Тоше најпосетувана дестинација во Светот. Во Велес преку протестите од минатата година ја затвориа термоцентралата, сега ќе се градат ветерници, ќе наликува на германските села.
Ноне Неделковска се омажи за руски милијардер и повторно се враќа на музичката сцена, првиот концерт и промоцијата на албумот е закажан на 35.08.2037 во Росоман , а јас нема да одам.