Депресија (и како да се справите со истата)

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Депресија... врло занимљива ствар... Проваѓа низ едн период и ја, десива се некои работе што ме шокирава скроз, не би да збору за тој, сигурно никога не га интересирав туѓи проблеми при толко свои што си ги има..
Не ти треба психијатри и тија чуда, кој е успеаја да гу изучи људску психу. Тој е јбг, нешто бесконечно. Антидепресиви још помалце, сигурно не сакаш да бидеш млад зависник од седативи. Тебе ти треба поголема социјализација, добар другар или другарка, на коју можеш да ву се довериш, пошто, нормално... полсно ќе се осеќаш ако га поделиш оној што те мучи сс некога. Исто такој, препоручија би ти и да си најдеш некоју работу, хонорарно, немора фул тајм. Ќе ти гу скрене пажњу од лоши мисле, некад тај работа може да биде и исцелител на депресију. Исто такој и некое хоби, занимација. Организирај си га време, и ќе немаш време да мислиш на лоши ствари.

ПС: Ваљда немаш проблем за овој што пишују на дијалект, ја и писмене по македонски у средњу ги пишуеше на кумановски, непоправљиво е, јебе* га. :)
 

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
13
3
34
Немој да ме сфатиш дека ти се радувам на маката, но мило ми е да знам дека постои некој друг со истиот проблем како и јас и кој се бори да го надмине тоа, тоа ми дава поголема волја и надеж. Инаку за антидепресивите - кога лекарот ми ги препиша веднаш се напив и нестрпливо чекав да поминат осум часа за да се напијам пак со желба побрзо да се излечам. Ноо ги прочитав несаканите ефекти во упатството: можеш да си наштетиш, да се појават самоубиствени напади и тоа ме исплаши. Решив да не пијам веке, и така неможев да се контролирам ми беше страв да не стане полоша ситуацијата. Инаку кај сите апчиња има несакани ефекти, но се е до психата.
 

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
13
3
34
990Freak Знам дека сето тоа ми е потребно затоа што кога сум со друштво заборавам на се, но кога останам сама хаос у глави. Инаку не ми смета дијалектот напротив мнг ми е интересен. Имам колега кој е од Куманово и обожавам да разговарам со него, колку и да не сум расположена секогаш ме насмејува .
 

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
13
3
34
Arkantos Ми има докторката спомнато за водење дневник, но од многу материјал за учење не почнав да пишувам дневник. Еве последниве денови си го исполнувам времето до максимум за да не оставам простор на депресијата :)
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
snowbela, само продужи такој... не оставај простор за црни мисли. Мене доста ми помогна возење точак, играње кошарка. Спортување е добар антидепресив. Поприродан здравје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: snowbela

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Многу од луѓето,посебно во последно време се склони на депресија. Моја теза е дека е тоа заради недостатокот на социјализација во фазата на интензивно созревање и градење на личноста. И секако,пребрзото растење,испробување на се и сешто најкасно до 16-17 години,и потоа немање волја за ништо од тоа. Што е уште полошо е тоа што нити сами си помагаат луѓето,нити лекарите им помагаат. Антидепресивите спаѓаат во најлошите типови на лекови,заедно со аналгетиците. Аналгетикот делува времено,како анестезија и само ја олеснува болката на одреден период. Исто е и со антидепресивот,кој бутка на спиење,а со тоа не се решава ништо.
Тоа што би ти го препорачал е тргање на лековите,откачување на лекари и правење муабет околу тоа со некои твои блиски,пријатели,фамилија,некому кому веруваш. Повеќе лачење ендорфин,уживање во малите нешта,излегување на сонце(сонцето има благопријатно дејство врз расположението),дружење со драги луѓе. Многу луѓе го прават тотално спротивното,се затвораат во себе и само додатно се дотолчуваат. Чудо е колку слушање музика(препорачливо uplifting музика,значи без депресивни песни),гледање добар филм или пак можеби цртан ќе те направи да се чувствуваш подобро.
Проблемите ни се само изговор пред самите себе. Сите ги имаме,кој повеќе,кој помалку,и секој различно ги доживува. Ама затоа наместо да дозволиме да не бутнат,треба да се бориме,за промена.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Блазе си што имас другари на кои можеш да се довериш. Моите другарки се такви, што ке ме ислушаат и толку. Ке заборават или ке им бидам чудна. Но, овде се моите родители. Знаат ја целата ситуација и безрезервно ме подржуваат. Но ете не успевам. Мислам на лоши работи и ме добивам паничен напад.

не знам од каква природа или што го потикнало тоа твое однесување да биде песимистичко и депрсивно ако си разочарана од љубов има лек и за тоа.
а за да не мислиш на лоши работи ти треба работа секој ден така ќе немаш време да одмориш а не па да мислиш на депресивни работи.
Другари нема и тоа да знаеш родителите се тие што те слушаат и што можат да ти помогнат секој друг ќе гледа да те искористи или да ти наштети
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: snowbela and Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Другари нема и тоа да знаеш родителите се тие што те слушаат и што можат да ти помогнат секој друг ќе гледа да те искористи или да ти наштети
Тотално се сложувам со тебе.Како беше она?Не ги кажувај на другите твоите проблеми,на 90% не им е гајле,а на другите 10% им е мило што ги имаш.snowbela обиди се да пробаш самата да ја надминеш депресијата,според мене штом твоите родители се со тебе,тоа ти е еден голем плус.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and snowbela

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Тотално се сложувам со тебе.Како беше она?Не ги кажувај на другите твоите проблеми,на 90% не им е гајле,а на другите 10% им е мило што ги имаш.snowbela обиди се да пробаш самата да ја надминеш депресијата,според мене штом твоите родители се со тебе,тоа ти е еден голем плус.

не само тоа туку во одреден момент знаат да ги искористат како орудие против тебе.
За свои цели, друго не знам или не познавам човек кој нема ама баш никаков проблем во животот , секој си има проблеми само некој зборува некој не за нив.
конкретно еве и јас имама некој проблеми кои гледам да ги разрешам најумно како можам ама со депресија плачење и не дај боже лекови проблемите не се решаваат .
Секое едно добро нешто во животот доаѓа со мака со труд и многу жртви
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: snowbela

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Пробај да дознаеш од каде дошла и во кој моменти ти се пофторува и да го избегнуваш тој момент,зошто сам човек како што може да си помогне никој друг и никакво апче.Ти препорачувам да слушаш музика да гледаш филмови и многу да спортуваш во слободно време пр Зумбата е женски спорт кој има големо влијание врз психата.Фитнес каде има многу млади и многу згодни момчиња,музика,потење одлично ќе се чуствваш.Вози точак и немој да почнеш да се повлекуваш зошто тука веќе е крајот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: snowbela