Многу ги сакам.
Сигурно не би ми дошле луге кои не ги сакам а да ми дојдат ненајавени гости, тоа досега не ми се случило. Затоа и ги сакам гостите што не ми се најавуват, ме изненадуват често и денот ми е среќен!
Не ме разбра?Нели не ти се случило досега да ти дојдат ненајавени гости? Како тогаш често те изненадуваат?
Добар си ти бар ти се јавуваат саат време пред да дојдам, за тоа време цел/а стан/куќа може да светне, а да ти дојдат ненајавени? Ко гром од ведро небо, а дома ко три атомски да ти паднале. Кај мене секогаш е така. Ми доаѓаат секогаш кога ми е најрасфрлено, најнечишто, чинии имам до таван за миење итн, што не дојдат мајка му стара кога ќе го светнам станот. Или па кога сум слободна, немам ништо во план, цел ден сум дома и играм "опа гангнам ран" тогаш никој нема ни да дојде ни да се јави не па да дојде, а решам некаде да одам или се фатам да правам нешто низ дома одма ми се цртаат пред врата. Преку глава ми е веќе од таквите.Обично имам многу малку време за дома, па сето време бонус го сметам за добредојдено.
За ненајавени ги сметам сите што не ми заѕвониле барем 1 час прад да дојдат и не ме прашале дали можи туку ме ставиле пред свршен чин.
Значи, можда јас планирам друго да правам, можда дома ми е лом, можда се варосуваме, можда сум напнат од работа и јас и девојка ми и не ни е до луѓе, можда сум фатен на дур со некого и дома пукаат бомби на фронтот преку масата.... свашта бидува кога сум јас во комбинација
Ненајавените кои „поминувале па рекле да ме видат“ можат да ме видат едно 5-10 минути исклучиво во двор така колку да се поздравиме. Потоа му нгласувам да ми се јави денојве да дојди на раат да се видиме.
И да. ког анекој ќе те праша по телефон: „кај си бе?“, никогаш не му вели „Еве дома“... речи му „еве бе, се спремам... шо ти требам?“