компјутерските емулатори и емулациите на разни конзоли
Ај ако сакате уведи те ме малце, и ја сам за, ама врску неам што е тој. Материја не ми е позната. Фала
Другарче, во нашиов случај, емулатори ти се програми кои имаат за цел да го натераат компјутерот да вчитува игри што НЕ се компјутерски. Значи, на компјутер да играш игри од Нинтендо, Супер Нинтендо, Сони Плејстејшн...
За да можеш да ги вчиташ, препорачливо е да имаш конфигурација од барем 2 гигахерци, 512 мб рам меморија, и графичка од рангот на GeForce 6 серија или ATI 9000 серија, па нагоре.
Игрите можеш да ги pуштиш симнати преку интернет (како .iso или .rom фајлови), што е попопуларно и побрзо решение, или да ги играш, на пример, со самиот Playstation диск од играта во компјутерот.
Една од предностите што емулаторите ја имаат во поглед на самата конзола е бројните можности за прилагодување секакви звучни, графички и контролерски опции.
Епа за тие што не го имате (или не го знаете), симнете си го GameRanger овде.
И што, само преку ова може да се играат игрите мултиплеј?
Јас би играла некоја, особено Cadillacs & Dinosaurs.
Да нема забуна:
GameRanger е за онлајн играње компјутерски игри.
Емулаторите сами со себе си носат опција за играње онлајн.
Добро, ама збориме за флиперски игри, arcade games, old school. Каде може да се најдат мултиплеј?
Јас најдов една за сам да си игриш, евентуално со уште еден, ама на иста тастатура. И има премногу избор.
Да де, и за тие збориме. Компјутерски, конзолски, флиперски, секакви...
Ајде ако сакаш контактирај ме по ПП, зашто јас тебе не можам, имам идеја, па ако имаш 10-15 мин слободно време, да ја пробаме?
За Cadillacs зборам.