Секако.
Ги отпакуваш од тоа, и одиш таму каде што ти е инсталирана играта, би требало да ја има во C:\Documents and Settings\-----\My Documents\EA Games\The Sims 2. Ќе отвориш во EA Games и ќе видиш еден куп папки. Тука ќе си креираш нова и ќе ја крстиш Downloads. Во Downloads ги сместуваш отпакуваните работи. Јас обично отварам два табови доле, едната е Downloads каде што ми се симнати работите од страните, а другата е Downloads од папката од играта која сама ја креирав и таму ги сместувам работите, така што ги влечам од едната во другата папка.
Потоа ја пушташ играта, и кога ќе ти се појави едно големо сино поле стискаш на Enable (има две Enable i Disable) и потоа стискаш на копчето за гасење, затоа што играта мора да се рестартира за да функционираат работите. Значи нема да избереш град, него ќе ја изгасиш. Потоа ја пушташ доколку сакаш да играш и работите ќе си функционираат.
И да напоменам, на секое надополнување во папката Downloads што сама ја креираш потоа кога ќе ја пуштиш играта мораш да ја рестартираш, во спротивно ќе се поремети. Значи само тогаш, кога ќе симнеш и инсталираш нешто ново ја рестартираш, инаку не.
Мислам дека ме сфати, ако не кажи ќе ти дообјаснам. Битно не е толку сложено.