Светско првенство за мажи 2013 Шпанија

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Абе па колко што можу да виду, можда Данска ке сака да не пушти. Они немав ни едну изгубену п аможда ке си ги чува играчи, што знаеш. Ако ни попушти Данска имамо некои шансе да останемо на 3 место.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ако ја победиме Данска сигурно сме 3 место,има и опција да бидеме 2 ако Русите изгубат или да победат со 1 гол разлика а ние да ја победиме Данска со повеќе од 7,второво тешко дека ќе се случи така да мислам дека Германија не чека:zelen
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Шо сакашм Швабите да ни се паднат во 1/8 финале, тие појќе ни должат од Данците.

Јас мислам дека кој и да ни се падне ке ги победиме освен секако ако не играат главна улога и судиите...Сите ни должат нам :D
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Ај бе..и кога губат и кога тепаат мрчите бе. Шо мислите тие отишле таму оти сакаат да губат?
Лесно ни е нам од дома, само гледаме и си коментираме. А тие шо стигаат до повреди и операции не се замараме, м? И тие знаат дека можат подобро, ама ете не им оди. Нели гледате дека се трудат и даваат се’ од себе?

Јас сум задоволна од вчерашната игра. Русија беше во убедливо водство, сигурни беа дека ќе тепаат, ама ете успеавме да ги стигнеме.
Јес да ако имавме помалце грешки и одземени топки можевме да тепаме. Ама до утре можеме да зборуваме што ќе беше ако беше..
И не го кудете Манасков. Тој од преголема желба да постигне гол ги направи престапите.

И то. Се надевам нашиве добро ќе се спремат за утрешниот натпревар со Данска. Ах, кој ќе гогледа пак Хансен и оној тренерот нивни (puke)
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
На Данска ќе им се одмаздиме. Еднаш ја надигравме, зошто да не и уште еднаш? :zelen
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Последниве две утакмици морам да префрлам и дека судиите ги затепаа нашите. Јас стварно не знам дали некогаш ќе дочекам да изгледам првенство кога нашите нема да бидат утепани од судиите.

Ако имало првенство на кое судиите ама баш за ништо не ни се криви, тоа е ова! Ако зборуваме конкретно за вчерашниот натпревар, во второ полувреме ние дали имавме едно исклучување (а бевме барем за 2-3 добри суспензии), а Русите ги исклучуваа како од ракав, а особено исклучувањето на минута и нешто пред крајот, кога многу други „пофамозни“ судии не би се осмелиле да го направат тоа...
Какви судии, какви бакрачи... :)

И ви ги читам математикиве... Не заборавајте, и Франција треба да победи против Германија, за да се сретне со нас (доколку изгубиме од Данска). А замислете па ние ја победиме Данска, а Франција изгуби, и пак со нив, а? :zelen
И нема врска ако Данска го победила Исланд 8 разлика, какво мерило е тоа дали и колку Данска е појака од нас? Различни стилови на игра, различни тактики, различни прилагодувања...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако имало првенство на кое судиите ама баш за ништо не ни се криви, тоа е ова! Ако зборуваме конкретно за вчерашниот натпревар, во второ полувреме ние дали имавме едно исклучување (а бевме барем за 2-3 добри суспензии), а Русите ги исклучуваа како од ракав, а особено исклучувањето на минута и нешто пред крајот, кога многу други „пофамозни“ судии не би се осмелиле да го направат тоа...
Какви судии, какви бакрачи... :)

А дали нашите неколкупати ги исклучуваа за ништо? Кога игравме со Исланд дали ни прекинаа шанса затоа што нивни играч лежеше, а претходно двајца наши лежеа повредени па им дозволија контра на Исланд? Јас не велам дека судиите се криви затоа што изгубија/изиграа нерешено туку кога се бориш за резултат и кога ќе ти направат макар и најмала неправда многу влијае на натамошната игра.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
А дали нашите неколкупати ги исклучуваа за ништо? Кога игравме со Исланд дали ни прекинаа шанса затоа што нивни играч лежеше, а претходно двајца наши лежеа повредени па им дозволија контра на Исланд? Јас не велам дека судиите се криви затоа што изгубија/изиграа нерешено туку кога се бориш за резултат и кога ќе ти направат макар и најмала неправда многу влијае на натамошната игра.

Сите исклучувања на шампионатов за нас беа оправдани, дали едно-две сомнителни (во 4 натпревари).

Вчера они имаа ракометар на земја, плус исклучен, и им дадовме гол со 4 играчи во поле. Судиите не ја запреа играта, иако доколку се одржуваше постојаност на критериумите, МОРАШЕ!

А за тоа дека влијае на натамошната игра, ние мислиме дека само нас ни се случуваат неправди, зашто другите репрезентации речиси и да не ги пратиме, што е нормално... Судиите не се машини, грешеле и ќе грешат. Ракометарите се професионалци, и најубаво треба да го знаат тоа, и максимално да го потиснат таквото влијание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis