Светско првенство за мажи 2013 Шпанија

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Фала богу и Митревски да се разбрани. Да не беше тој и тоа како ќе губевме од Русите. Ах Кире, Кире, ти викам ја седмерците се важни, а тебе шала ти се чини. |-( Останавме непоразени од Русите, тоа е најважно. (y)
П.С. Реков ја дека гол-разликата и тоа како е важна. Да ги тепавме Катар и Чиле со +10 сега ќе бевме на 2-ра позиција.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Ако ја победиме Данска ке ја избегнеме ли Франција или ?
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Trajche, не бил лош овој мојов голман, м? :zelen

Како што докажан спортист од една лошо изиграна утакмица неможе да го изгуби реномето, така и овој од една утакмица неможеме да кажеме дека е звер. Има уште многу тој да се докажува. Како и да е, резултат е прилично добар, иако ми се чинеше дека Русиве изиграа доста послабо од Исланд, но ние пак не бевме на ниво како што знаеме да бидеме.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Игорче да коментра нареден натпревар.
Овај Зоран труп трупосан, ни емоција ни некој гаф, барем со првиот ќе се посмеевме малце.:D


Јас длабоко се извинувам на грешкава мислев дека Зоран го викале а то Марјан да ти бил.
Изгледа Игорче го чуваат за во 1/8 финале

Обично во прво полувреме сме подобри и после губиме сила, овој пат беше обратно.
Столе е мајстор, според мене најзаслужен за резултатот. Митревски ќе го биде ако вака продолжи има потенцијал во дечкото.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Како што докажан спортист од една лошо изиграна утакмица неможе да го изгуби реномето, така и овој од една утакмица неможеме да кажеме дека е звер. Има уште многу тој да се докажува. Како и да е, резултат е прилично добар, иако ми се чинеше дека Русиве изиграа доста послабо од Исланд, но ние пак не бевме на ниво како што знаеме да бидеме.

Реков само дека не е лош, не дека е ѕвер. :)
Како и да е, не знам зошто, но се радувам за овој резултат... Можеби затоа што до него дојдовме без да се откажеме до самиот крај, нешто што вчера не беше видливо веќе по некаде 45 минути игра. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Со нерешениот резултат и освоениот бод против Русија, започнаа математиките според кои Македонија би можела да го избегне четвртото место во Групата Б, а со тоа најверојатно и фаворизираната Франција.

rakomets.jpg

Сепак, за да дојдеме до посакуваното трето место, потребно е и другите да одиграат за нас. Најпрво, вечерва Данска треба да го победи Исланд, за да ја остави Македонија во игра за третата позиција во групата, според ова прво сценарио.
Доколку скандинавците вечерва слават, тогаш ќе го обезбедат првото место во групата и на Исланд ќе му го нанесат вториот. Воедно, тоа ќе значи дека Данска во последното коло против Македонија ќе влезе растоварено, а не се исклучува можноста данскиот селектор да ги одмора клучните ракометари, со што ќе се зголемат нашите шанси за победа. За ова посакувано сценарио да се оствари, потребно е и Македонија да ја победи Данска во петок.
Според второто сценарио, кое е помалку веројатно, Македонија може и со пораз или нерешен резултат против Данска да го освои третото место. За тоа е потребно Данска вечерва да го победи Исланд и во последното коло Катар да го победи Исланд, што е тешко за очекување.
Катар во моментов високо води против Чиле со 31:21, па оваа селекција со големи мотиви ќе влезе во дуелот со Исланд, кој доколку го добие, може да ги испрати „рибарите“ дома, а Македонија и со пораз од Данска да биде трета.
Постои уште едно сценарио според кое Македонија може да се најде на третото место во групата. За тоа потребно е Исланд вечерва да ја победи Данска и ние во последното коло да славиме против скандинавците. Во тој случај, доколку во последното коло Русија и Исланд забележат очекувани победи, тогаш Исланд би бил прв со 8 бодови, Русија втора со 7, Македонија трета со 7 (поради послабата гол разлика од Русија) и Данска четврта со шест бодови.
Македонија би можела да биде дури и втора во групата ако вечерва Исланд ја совлада Данска, а во последното коло Исланд изгуби од Катар, а ние ја победиме Данска...
Математиките ќе бидат појасни по вечерашниот дуел меѓу Данска и Исланд...
Извор: Курир.мк
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Ке ме умрат овие момци еј! БРАВО!
Сега уште Мојсовски да проработи со Данска и супер ке биде, може да се надеваме на нешто, значи треба победа против Данска и секако сме трети.

Инаку Митревски, пофалби до него фати добри топки, конечно да се опушти и да ја фрли темата од него. Миркуловски од секогаш најборбен во дуели, браво и за одбрана се поправивме второ полувреме, обично слабо игравме секогаш во второ но добро е. Големо браво и за Гоце, конечно да му текне на шундо да го стави жутакот, игра фантастично, ај се надеваме ке игра и против Данска па може да напрајме нешто.

Не плукајте по Лазаров, цел притисок е на него за седмерците, неможе да не се промаши, инаку изигра одлично 10 гола мислам даде и имаше добри асистенци, браво и за Стоилов, заслужено ја доби наградата за најдобар на теренот.

Секоја чест момци, продолжете така, да играме со срце и со Данска, па да очекуваме добар меч.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
И добро и лошо коа играат убаво ти е на душичката оти барем играме и присутни сме и моментално ракометот е најуспешен спорт ....добри се денес ете успејаа да се изборат за бод и да се концентрираат шо значи дека имаат потенцијал. Само некако многу губат топки и прават грешки. Можат они и стопати подобро и со Франција можат ако има добра стратегија....се надевам на добри резултати :)


пс. Вчера со Исланд имаше шо да се глеа по екраните:giggle
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Тешко дека ќе тепаме а ако тепаме ќе бидеме трети ама ја губиме сигурно и Франција ќе не отвори како паштета
Значи ако победиме 3 сме и ја избегнуваме Франција тогаш Тунис ли ке ни се падне ?
Паздравот од Хансен: Со Македонија ке биде исто како во Белград. - значи имаме шанса:zelen