Како прво не изгубивме, ама и победава нема да значи, ако Чиле или Катар добијат ист број на утакмици. Ќе се гледа гол разликата и може зашто они тепале со 2 гола повеќе да земат 4-то место, а нашите да си пакуваат куферите.
Второ нигде не спомнав утепување на ракометарите. Со Шведска играа што играа, нерешен добија. Против репрезентација која освоила кој знае колку медали да одиграш така е одлично, ама да победиш буквални аутсајдери (22-ра пласирана од 24 земји на Светско 2011) со 2 гола разлика е штета. Самиот Лазаров има кажано за некој сајт дека натпреваров беше брука и наместо поискусните да одморат на натпреваров, а оние кои немаат искуство да добијат некоја минута, тие мака мачеа да го добијат натпреваров. Не е лесно тоа што го претрпувале, ама за тоа нека се жалат на РФМ, они им организирале и превоз и се. Не очекувам сега да бидат 1-во место, ама барем да бидат од 8-ма до 10-то пласирана репрезентација.
Шундо што ги пушташе ракометарите да види кој што може, требало да го направи тоа на контролните, мислам затоа и ги играа контролните натпревари против С. Арабија, Египет и Србија. Кога гледаш дека на некој ракометар не му иде, ќе го извадиш од игра, има и други што не добиле шанса, а сигурно во тој момент можат повеќе да направат од играчот на кој не му оди.