Светско првенство за мажи 2013 Шпанија

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Не кукајте. Тренерот нема да се смени барем до крајот на Светското, ако имате нешто да се каже кажете а не ја тупајте со тренерот, имаме тренер Лазаров говори на тајм-аут. : )

Инаку се виде дека го баравме првиот тим на утакмицава и така ке биде со Катар, после следува борбата, Исланд и Русија.

Изладете се сега со Исланд - Русија, убав меч ке биде. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
ваква партија е срамота за гледање бруки невидени едвај победивме аутсајдер срамота :banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Како браво за победата бе? :frantic Ако овие одвај ги победивме како ќе играме против Исланд, Русија и Данска?! :eek: И да, нема врска тоа прв натпревар било, она било, ова било.(nod) Лани првиот натпревар ни беше против Шведска и иако беа фаворити изборивме изедначен резултат. Реално слаба игра од речиси сите играчи, повеќето ни се во години, имаат искуство, а играа бетер од еден средношколски натпревар.
Кире многу се "издига" кога ги мава седмерците, мора на секој натпревар бар 2 седмерци да промаши.
Наумче врска си немаше денеска - 7 топки само од него изгубени?! барем 7 гола да дадеше, да се минусираше загубата. Миркуловски како и секогаш си го јаде ќотекот и секогаш дава од речиси невозможни ситуации, ама да дадеше барем 5 гола на натпревар.
Ванчо Димовски исто јаде многу ќотек на неговата позиција, ама реално Стојанче Стоилов е многу подобар на таа позиција.
Манасков изигра одлично, ама само во второто полувреме, првото некако беше заспиен..
Георгиевски исто така со оглед што за прв пат го гледаме на ваква утакмица (не играше лани во Србија, го гледаме само со Металург).
Борко иста приказна како и Кире многу се "издига", го нарекоа министер за одбрана и му се кренаа акциите и може некој не забележал, ама бранеше само на левата страна од голот (негова лева), не внимава каде оди топката и брзо да реагира, туку оди на интуиција.
Митревски (помалиот голман од второто полувреме) одигра добро сооглед на тоа што секогаш е на втор план и нема многу искуство со вакви натпревари.
Шундо како тренер нема никаков авторитет изгледа, па затоа и кој што сака, тоа си прави.
Реално натпреваров ни беше тапа и ич не ми прави ќеф. Ако утре играат исто со Катар, нека се збогуваат со првенството, зашто со зборови и издигања не се постигнуваат резултати. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Веќе кога сте решиле да „хејтате“, чисто барем ради формалност пишете дека победивме, иначе ако неупатен човек се уклучи на темава, ќе добие впечаток дека сме изгубиле 20 разлика. (facepalm)
Додека ние си седиме/лежиме и уживаме во удобноста на нашите топли домашни фотељи/кревети, свесни сте за целата одисеја што нашите ја минаа додека да стигнат дотаму? Свесни сте дека влакно фалеше нашата репрезентација да не се појави ВООПШТО на светското првенство? Да не беше добрината на еден „обичен“ гастарбајтер, сеа ќе сведочевме на најголемата бламажа видена на еден официјален спортски настан...
Еве, јас лично ви кажувам, да минев низ сето тоа што ракометарите го минаа на патот до првенството, немаше жив да ме видат како „гинам“ за Македонија во салата... т.е. ќе ме видеа, НО во публика... А да минувам низ голготи за државата, колку и да си ја сакам - НЕ! Затоа, среќен сум што денес нашите момци се појавија на теренот, и одиграа онолку колку што умееја и можеа... ДА, се надевам дека од утре ќе почнат да покажуваат подобри изданија, но бидете реални - зарем не очекувавте дека секој е*ан противник првенствово ќе ни игра фластер на Лазаров, па и Миркуловски/Наумче? Ех, тогаш не сте доволно упатени да знаете дека ракометот станува се’ поглобален спорт, и дека веќе НЕМА слаба репрезентација - има само подобро и полошо физички и психички подготвени... Нашиве за денес беа доволно, и од срце им благодарам за победата! :)

734740_232427790225787_1587088668_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
За мене е важно дека победивме...не знам што очекувате вие? Како треба да играат??? Да победуваат со 20 разлика?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Хммм..Ова не е играта што ја очекував,не е истата репрезентација од европско.Па не можам да го сванам тренерот коа гледаш дека некој прави 7 грешки едно по друго остај го на клупа нека одмори малце , дај му шанса на друг.И многу промени бе!!Чиле аутсајдер , па и ние на европското бевме аутсајдери па на крај четврто место.Никој не треба да се потценува , затоа што секогаш има изненадувања.Сепак каква таква победа си е победа и бодови кои и те како се битни за нас..Да се надеваме дека утре ќе биде подобро. И за крај како што испеа Тоше: И во радост и во солзи ние ќе те бодриме :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Како браво за победата бе? :frantic Ако овие одвај ги победивме како ќе играме против Исланд, Русија и Данска?! :eek: И да, нема врска тоа прв натпревар било, она било, ова било.(nod) Лани првиот натпревар ни беше против Шведска и иако беа фаворити изборивме изедначен резултат. Реално слаба игра од речиси сите играчи, повеќето ни се во години, имаат искуство, а играа бетер од еден средношколски натпревар.
Кире многу се "издига" кога ги мава седмерците, мора на секој натпревар бар 2 седмерци да промаши.
Наумче врска си немаше денеска - 7 топки само од него изгубени?! барем 7 гола да дадеше, да се минисураше загубата. Миркуловски како и секогаш си го јаде ќотекот и секогаш дава од речиси невозможни ситуации, ама да дадеше барем 5 гола на натпревар.
Ванчо Димовски исто јаде многу ќотек на неговата позиција, ама реално Стојанче Стоилов е многу подобар на таа позиција.
Манасков изигра одлично, ама само во второто полувреме, првото некако беше заспиен..
Георгиевски исто така со оглед што за прв пат го гледаме на ваква утакмица (не играше лани во Србија, го гледаме само со Металург).
Борко иста приказна како и Кире многу се "издига", го нарекоа министер за одбрана и му се кренаа акциите и може некој не забележал, ама бранеше само на левата страна од голот (негова лева), не внимава каде оди топката и брзо да реагира, туку оди на интуиција.
Митревски (помалиот голман од второто полувреме) одигра добро сооглед на тоа што секогаш е на втор план и нема многу искуство со вакви натпревари.
Шундо како тренер нема никаков авторитет изгледа, па затоа и кој што сака, тоа си прави.
Реално натпреваров ни беше тапа и ич не ми прави ќеф. Ако утре играат исто со Катар, не се збогуваат со првенството, зашто со зборови и издигања не се постигнуваат резултати. ;)

Изгубивме ли?

Точно, во право си до некаде што зборуваш, ама немој да ги утепуваш ракометарите молам ти се, бидејки после нема кој да игра ракомет. Точно дека правиме грешки, ако добро погледнеш сите први натпревари се така. Со Шведкса кога игравме спомна, знаеш колку грешки имаше Шведска па и ние, дојде до краен резултат. Сепак подобро игравме таму од колку тука. Арно ти кажа членот погоре, знаеш низ се што минаа ракометарите, лесно е тоа?
Сепак победивме, да не победиме сите критики ке беа оправдани ама вака, без бодрење само со критики, од ваквите како тебе не не бива, само критики, зарем ак сме направиле некогаш 5то место на некое првенство ти што очекуваш сега 1во место да освоиме? Олади малце спушти се, за ова треба мака и труд, лесно ти е тебе од тука на форумов да збориш. И да ти кажам, по којзнае кој пат, знаеш дека Шундо пробуваше кој ке се најспремните дека по едно полувреме ги пушти неколку ракометари да види кој како може? Друго ке биде со повискоките репрезентации.
Инаку тоа што тренерот не ни е на ниво, тоа сите го знаеме, знаеме дека Лазаров збори најмногу, најглупо му беше на Шундо што ги викна на тајм аут и им кажа колку грешки имале а уште 2 минути имаше до крајот.

Победа си е победа, сепак лошо изигравме не викам не, ама можеби требаше еден ваков натпревар да се свестат нашите и да почнат да играт од се срце.

македонија!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Nighty

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Јас сум за секој натпревар на Македонија посебна тема да се отвара (како на Кајгана форумот). Кој е за?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
и ние на европското бевме аутсајдери па на крај четврто место
Петто. И тоа со огромно попуштање од страна на Србија која играше ко умрена со втора постава и без Станиќ во одбрана.

Инаку, искрено можеме многу, ама Шунде да не стои така ко гипсиран и да чека Лазаров да кажува што да прават.
Нашиве што line up имаат, сите во една права линија се збијаат во центар, па им оставаат огромен простор на противнициве слободно да шутираат од крилна позиција, а и многу лесно губевме топки, па браќава во неколку наврати си искористија прилика сами да прелетаат до гол и да го извлечат газот.
Ајмо момци, за утре мора да сте поспремни. (muscle)