Како браво за победата бе?
Ако овие одвај ги победивме како ќе играме против Исланд, Русија и Данска?!
И да, нема врска тоа прв натпревар било, она било, ова било.
Лани првиот натпревар ни беше против Шведска и иако беа фаворити изборивме изедначен резултат. Реално слаба игра од речиси сите играчи, повеќето ни се во години, имаат искуство, а играа бетер од еден средношколски натпревар.
Кире многу се "издига" кога ги мава седмерците, мора на секој натпревар бар 2 седмерци да промаши.
Наумче врска си немаше денеска - 7 топки само од него изгубени?! барем 7 гола да дадеше, да се минисураше загубата. Миркуловски како и секогаш си го јаде ќотекот и секогаш дава од речиси невозможни ситуации, ама да дадеше барем 5 гола на натпревар.
Ванчо Димовски исто јаде многу ќотек на неговата позиција, ама реално Стојанче Стоилов е многу подобар на таа позиција.
Манасков изигра одлично, ама само во второто полувреме, првото некако беше заспиен..
Георгиевски исто така со оглед што за прв пат го гледаме на ваква утакмица (не играше лани во Србија, го гледаме само со Металург).
Борко иста приказна како и Кире многу се "издига", го нарекоа министер за одбрана и му се кренаа акциите и може некој не забележал, ама бранеше само на левата страна од голот (негова лева), не внимава каде оди топката и брзо да реагира, туку оди на интуиција.
Митревски (помалиот голман од второто полувреме) одигра добро сооглед на тоа што секогаш е на втор план и нема многу искуство со вакви натпревари.
Шундо како тренер нема никаков авторитет изгледа, па затоа и кој што сака, тоа си прави.
Реално натпреваров ни беше тапа и ич не ми прави ќеф. Ако утре играат исто со Катар, не се збогуваат со првенството, зашто со зборови и издигања не се постигнуваат резултати.