По неверојатната тактика за натпреварот со Исланд, која за жал не даде успех каков што посакувавме, тренерот на машката ракометна репрезентација, Ѕвонко Шундовски, реши да проба поинаква тактика: Да не се примат голој и кога идеме у напад да реализираме со финта! - ексклузивно дознава Пулс24.
Оваа тактика произлезе по медитацијата на Шундовски преку која се поврза со богот Клај Го. По медитацијата, освен оваа тактика, произлезе и одлуката на самиот Шундовски да не биде повеќе небитен и да ги преземе работите во свои раце. Оваа тактика е инспирирана од коментаторите на преносите на натпреварите кои постојано ги потсетуваат ракометарите да не примаат гол!
Исто така, добивме и дојава, ексклузивно од Шпанија, дека минутажата на нашиот капитен, Кире Лазаров ќе се зголеми за време на тајм-аутот. Се надеваме дека новата формација и идеја ќе вроди плод!