-стара сум четврт век
- уште на осум месеци сум зборувала
-никогаш немам одено во градинка или забавиште ( ме примија одма прво оти знаеф се
)
- отсекогаш ама одсекогаш сум била мирно дете. Не барав ништо , не бев разгалена
- коа се роди сестра ми се сеќавам сакав да ја фрлам у река оти беше многу црно бебе
- како мала ме плашеа со Ленче циганката дека ќе дое да ме земе - коа не сум сакала да спијам или јадам !!!
- на 10 год паднав од втори спрат од тераса кај баба и од тогаш ич не сум арна
(шала на страна од тој пад имам проблеми со рамнотежата односно неможам да возам велосипед по ѓаволите !!! )
- ја сакам уметноста
- Сакав да се запишам на Медицина а завршив како Економист
ама не е толку лошо
- Хипик сум во душа и вљубеник во природата и нејзините плодови
- Сакам кога љубам и сум верен и лојален пријател...
- Во друштво сум најзборлива и најгласна и имам малку брз јазик (тоа ми е маана)
- Зборувам 4 странски јазици и она јазично -уметничко подрачје секогаш ми лежело повеќе отколку другите.
- Сакам да запознавам нови луѓе и култури , музики , танци, кујни...
- Мразам да готвам ама сакам да јадам .) и пијам !!!
- Знам да отидам некаде на планина и да се изолирам , само јас и природата со чај од нане и со платното за цртање .Да да обожавам да цртам и да подарувам цртежи.
- Сакам цвеќиња и сакам да имам двор полн со цвеќиња ама живеам во стан и имам помалку ама добро ги чувам и им се радувам !
- Сакам кога е празник !
- Го љубам Охрид ...кога сум таму тогаш сум на Канео..тоа е моето лично светилиште и извор на сите инспирации !
- кога ми се допаѓа некоја личност се понашам како arrogant asshole бтв незнам зошто и скоро секогаш им оставам погрешен впечаток на луѓето и не ме сакаат многу.(
- знам да бидам арогантна и дрска ама само кога некој ептен ќе ме навреди или ќе повреди некој мој сакан.
- Сакам да јадам гумени бонбони !!!
- Носталгична сум и се знам себе а сепак сакам да проживеам малку надвор од државава
- Многу го сакам Дедо - има 95 години и сеуште ги чита сите книги шо ке му ги однесам !
- сите кучиња до сеа шо сум ги крстила се викале Арон .))
- Сакам да слушам музика и да гледам филмој ..и да читам книги
- Сакам да се облекувам убаво , сакам бон - тон и сакам изреализирани луѓе со вкус и изградени гледишта и со извондреден речник !!
- Мразам лажна аристократија и фејкерска буржоазија!!!! И мразам коа ми идат на Jazz Фестивал у последниве години такви фараонки накитени !!!
- Сакам да имам уникатни Converse
и никој да нема ко мојте !
- знам да бидам малку себична и скроз несовршена ама во суштина сум добра и чуствителна личност.
уште ова го забораив имам фобија од Авиони незнам како ќе стасам у Лондон