Бидејќи сум "махер" за компјутери, да прашам...
Откако го купив лап топов, 70% од сликите не ми се појавуваат, ми се појавуваат само мали квадратчиња. Пробав да видам дали е така на статичниот компјутер, само на лап топот е.
Не може да е вирус, малку време го имам лап топов, плус уште од ден 1 е вака.
Што може да му е, знае некој?
Ако мислиш на тоа дека место да имаш мали сликички на самите фајлови, немаш ништо, не си ги активирила т.н. thumbnails.
Под претпоставка дека се работи за тој проблем и дека работиш на Windows Vista/7:
1. Отвори Computer;
2. Горе кликни на Organize и Folder and search options;
3. Кликни на View;
4. Види дали ти е штиклирана најпрвата опција, односно always show icons, never thumbnails. Доколку ти е, отштиклирај ја и решен проблем.