Пред да ги видам мислењата знам за шо се работи и ке ви кажам одма. Форумов ако веќе не е мртов, тогаш сигурно е на апарати и се бори за живот. Животот му виси на сламка. Знаете зошто? прво затоа што модераторите си земаат преголема сила и без нив универзумот нема да функционира. Барем така тие мислат. имиња нема да спомнувам на кои мислам зашто знам дека ке се препознаат тие што си ја имаат мувата на капата. Совет: олабајте се малку, ако ви дале малку поголема сила не значи дека сте го фатиле Господ за мадиња(простете за францускиот). Запомнете со голема моќ доаѓа голема одговорност.Второ правилата на форумов не важат за сите исто. Сакате да се пиува на кирилица? Ок се согласувам за тоа но ајде и сите да пишуваме литературно македонски, кој колку може. Проблем е тоа што дозволено е за одредени членови да пишуваат на свој дијалект.Знаете ли каков хаос ке биде ако почнат сите да си пишуваат на дијалекти? Размислете окулу овој пријателски совет.
И трето форумов е мртов зашто нема дискусија. Секоја малку пожестока дисксуија веднаш е санкционирана од модераторите демек ете се караат па да сработиме не што. Алооо секоја дебата е кавга уствари. Се дури не почнат да се тепаат вие како модератори не смеете ни со прст да мрдните. тоа е она што е потребно за секој форум. Жесто дискусија . Овде тоа го нема зашто сите сме другарчина, светот е совршен, птиците пеат, тревата е зелена нема потреба да се караме...
И за крај пораснете и станете зрели личности и сфатете дека секогаш ке има луѓе кои ке бидат попаметни од вас (па и од мене) и ке размислуваат различно од вас...
Ова воедно е и моја оставка од модератор. беше интересно додека траеше.Причините не се поради состојбата во која е форумот туку заради тоа што немам време да се занимавам со форуми. Поздрав и послушајте ги овие пријателски совети.
Ај чао, се надевам дека оставив добар впечаток кај некои од вас и пријателствата што ги стекнав овде на форумов ке си продолжат...
ве сакам сите...