како прва реакција би рекла Не
дури и отсечно Не!
ама па ако подразмислам малку ќе кажам Да
зошто?
затоа што кога детето би имало можност самото да одбира
и кога единствениот избор што би го имало би бил:
-да расте во некој дом лишено од чувството дека некаде и некому припаѓа, лишено од чувството дека има некој кој го чува, заштитува и поддржува
- или да расте како дел од едно семејство, само негово семејство, кое ќе се грижи за него, ќе го сака и ќе го чувствува за свое дете, макар било тоа семејство нестандарно, несовршено, неприфатено од средината и па дури и сурово означено како ненормално затоа што е семејство на две личности од исти пол,
некако ми се наметнува чувството дека тоа дете сепак би го избрало второто, да има свое семејство
оти животот не е нималку лесен
и удира силно и предизвикува секакви трауми заради најразлични причини
и никој не е имун, ниту стопроцентно заштитен
силата да се надминат тешкотиите и да се издржат ударите многу зависи од тоа чувство дека и покрај сѐ некаде некому му припаѓаш
да нагласам - кога велам припаѓање не мислам на поседување
празнината која човек го исполнува кога тој е соочен со сознанието дека тие што требале да го сакаат и чуваат, заради една или друга причина избрале сосема да го напуштат и заборават, соочен со сознанието дека не е дел од ничиј свет, дека е само напуштено „дрво без корен“, има моќ да делува деструктивно на една личност многу повеќе отколку растењето во едно такво нестандардно семејство