Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
34
Ми одговараш со одговор. Еве да речеме, незрели луѓе да не стапуваат во брак за да не дојде подоцна до несакани работи. Избегавме од темата.
Уште чекам да се замислиш во кожа на дете што несака да биде дел од геј заедница. Ајде замисли се во кожата на дете што несака и кажи ми како е.
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
И дополнително, бидејќи еве сме заинтересирани и јас и ти за темава мислам дека е корисно да гледаме и надворешни извори што велат. Јас на пример тоа што сум читала медицинки научни списанија велат дека децата не страдаат во такви бракови (туку напротив пречка е тоа што геј браковите не се легализирани секаде и ги немаат истите бенефиции децата). Ке споделиме линкови ако сакаш, може и ти да ми пратиш нешто ако имаш гледано по темава.
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Па искрено мислам дека не забегуваме од темата бидејќи тоа би биле импликациите на тоа што го кажа. Деца не би сакале родителите да ги тепаат, како што спомна не сакаат да бидат деца на развод. За такви работи можам да замислам (иако нема точно да знам) како би се осеќал некој, ама за да биде детето во средина каде што е сакано и ценето, eдноставно не знам што би било толку трагично и зошто би страдало детето ако има такви родители, зошто би имало таква одбивност.
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
34
Надворешните извори можат да бидат 90% спрема 10% за оние што немаат против, ама сепак не е човечки спрема оние 10% некој да им пресуди предвреме.
Се немам распрашувано во врска со темава, нити имам читано научни трудови нечии, така да од таа гледна точка нема да коментирам. Ама еве ветувам дека ќе истражам, иако не верувам во анкети и истражувања, сите тие се со некаква цел, кому каква му одговара - таква.
Несакам ни да замислам што би се случило да се легализираат геј бракови овде на Балканов, и да им се даде право да посвојуваат деца. Судејќи по тоа што се случува на геј парадите во Белград, не ни верувам дека тоа набрзо ќе се случи. Затоа што целиот Балкански менталитет е тесно поврзан меѓусебе. И повторно несакам да замислам како би се чувствувало Балканско дете еве нека е од Македонија да речеме во таков брак. Па тоа подбивање од страна, затоа што ни се допаѓало или не, таа е сеуште табу тема кај нас, исто како што е дури и разводот. Јас лично ќе тргнам од себе се комплексирам пошто сум дете на разведени родители, а такви како мене ги има уште многу, а тек па да се деца на двајца мажи на пример. Нон сенс е. Можеби на западот не е ама овде е. А ние овде живееме.:)
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Јас разбирам дека кај нас работите се различни, ама и на западот сеуште постои преголема нетолерантност. Еве сеа ке има избори во Америка и сите освен еден од кандидатите се против геј брак. Така да не сакам да го потценуваме Балканот и нашата свест, па каква и да е затоа што секаде се менуваат работите цело време. И ние како младина мислам дека треба да бидеме тие што превземаат чекори, бидејќи како што рече е табу тема ама еве јас и ти иако не се согласуваме по некои работи можеме да направиме разумен муабет. Без разлика дали е табу или не мислам дека постои геј заедница во Македонија кои се луѓе како нас и мислам дека заслужуваат они да се прават вакви муабети.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зошто да не? Мене хомосексуалноста не ми е нездрава работа. Никој не може да си ги избере родителите, ниту биолошките, ниту посвоените. Што е пострашно? Да имаш родител хомосексуалец, или родител злоставувач? Или пак наркоман? Или пијаница? Не треба да се жалат децата посвоени од хомосексуалци. ;)
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Никако, какво дете ќе излезе ако и мајка му и татко му се машки или пак женски?
Не, не и не. Многу сум против.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
И да го занемарам фактот во каква ментално тесна и недоволно видлива средина живееме, има еден друг битен момент кој просто не ми остава простор да речам да на поставеново прашање.

Тоа дете кое би растело и би се развивало во таква средина, ако не свесно ондак потсвесно би верувало дека сето тоа е нормална работа...што веќе го зајдува никулецот на нормално функционирање во општеството.
Се согласувам со претходно споменатиот став дека подобро рецимо татко п***р него татко педофил, ама до некаде тоа е исто ко да речеш подобро бебе во еден контињер отколку бебе во два контињера .

Секој има право на личен избор во животот, ама не и со сила да му го наметнува на некого.
Значи ако решиле да си милуваат шупак, мене ми е сосем океј, немам ама баш никаков проблем да се дружам со нив...ама да му наметнуваат на дете кое почнува да ги впива вистинските нешта во животот дека тоа е нормално функционирање навистина не оди!
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не може да се направи споредба, татко п***р и татко педофил, бебе во еден контињер бебе во два контињера.

Никој не му наметнува ништо на тоа дете, и без хомосексуалец родител ќе знае дека постои хомосексуалноста. Сосема нормално функционирање е хомосексуалната заедница.
Постојат многу болни (за некого нормални, за некого болни) сексуални работи кои ги практикуваат хетеросексуалците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy