Би патувал. Би живеел секаде низ светот под кирија, би подработувал понешто колку за егзистенција и константно би патувал. Пошо досегашново искуство ме има научено дека школа живота најдобро се стекнуе на пат со запознавање на светот.
Е сеа конкретно на темава прочитав смешни и донекаде нелогични одговори. Купување на стан, два во скопјево. Запознаени ли сте колку се движат цените? Башка да не зборам откако ќе ги купите, знаете ли кој е трошокот? Дали мислите дека рентата ќе ја врати вложената пара после година, две, пет? За оние похрабрите - отварање бизнис е сосема друго. Може да се успее, но залогот е многу голем. И зависно со каков бизнис ќе се занимаваат. Едно ме насмеа слатко - Апартмани во Црна Гора.
Dare дали знаеш колку чини плацот сеа во ЦГ? Испод 250 000 нема шанса. Да не зборам после тоа за изградба. Е коа ќе почнеш да ренташ, тек тогаш ќе се врти парата. Ама она што го гледам во моментот за разлика од порано, Барањето за апартмани многу варира. Може една година со страшни загуби да биде додека следната да ти се погоди многу.
Trajche стан во Виена нема шанса осим ако не ренташ.
Рентата е добра, но има свои проблеми. Ако мислиш дека е така едноставно - не е. Секогаш треба човек да биде спремен на основни трошоци (Телефон, греење, струја, вода) како и тоа каков клиент ќе добие.