Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Знаеш, јас не сум заљубена во твојата насмевка.
Заљубена сум во начинот на кој ме сакаш, начинот на кој ми пружаш сигурност.
Нашата љубов е едноставна, нежна, а силна. Посилна и од каменот што секој ден го пече сонце.
Знаеш, јас сум заљубена во начинот на кој ме чуваш.
Јас те љубам, скромно, едноставно, а единствено, како што никоја друга не умее. Сега, засекогаш.
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Сакам да ја прочиташ оваа порака, но немам храброст да ти ја напишам. Многу сакам да знаеш што мислам, што чувствувам, но душава не ми дава да ти признаам. Пишувам тука, а не кај тебе затоа што не знам како ќе ме сфатиш, како ќе реагираш, можеби не сакам да ти пишам од срам, можеби од што сум горделива, можеби затоа што и јас самата не сум сигурна што чувствувам. Можеби затоа што не знам што ќе мислиш ти за тоа. Затоа што не знам што мислиш кога ќе ме замолиш да ти кажам дека те сакам, да ти речам дека МНОГУ те сакам. И секогаш ти кажувам, но никогаш не се доискажувам, затоа што не знам дали е тоа она што ти навистина сакаш да го сушнеш или само си поигруваш со мене.
Дали е љубов и дали ќе се оствари времето ќе покаже. Но, зошто по ѓаволите, секогаш кога нешто ќе оставам на времето, истото тоа нешто ми заминува во неповрат? Зошто? Ако биде така и со тебе, никогаш нема да си простам, ни на себеси, ни на времето. Времето на кое му верував, времето што го чекав, а што никогаш не доаѓаше, времето на кое му верував. Времето е страшен зајебант, знаеш. Во секоја животна ситуација носи неочекуван исход, а за тој исход сме чекале многу, сме платиле многу, сме се надевале... И што на крајот. Ништо. Апсолутно ништо. Се она што постоело испарува во една секунда. И не знам кога ќе те видам пак. Оставам на времето. А толку ми недостасуваш. Ми недостасува секоја е*ена минута помината со тебе. Секоја прегратка што некогаш не ми значеше ништо, а сега се би дала за барем уште еднаш да ја почувствувам таа прегратка. Знаеш колку пати пред тебе отворив уста, но не пуштив глас? Знаеш колку пати сум пробала да ти кажам нешто, а сум немала сила? Знаеш ли колку пати го отворив чет прозорчето, но ништо не напишав? Или колку пати пишував реферати, но немав храброст да кликнам ентер?
А имам толку работи за кои би разговарала со тебе, но не знам дали твоето уво ќе биде отворено за да чуе се. Дали твојата душа ќе биде отворена за да ме разбере? Не сакам да брзам, а и не сакам време да ме гази. Можно е и во двата случаеви да се разочарам. На раскрсница сум, а сите патишта ме водат до НИКАДЕ. Затоа ќе останам да чекам.
И што ако порано или подоцна ти кажам што чувствувам, што ако моето его ми дозволи самата на себе да си удрам шлаканица? Што ќе направиш? Ќе дозволиш ли да останам повредена? Да ми беше сеедно, тоа одамна ќе се случеше. Но, јас сум кукавица, јас сум животно, јас сум НИШТО. Се мразам што сум наивна, што си дозволувам да чекам, дозволувам времето да ме изгази, дозволувам да бидам повредена, а потоа се каам. Се каам кога е прекасно. Прекасно за се, па дури и за каење. Од што зависи дали јас некогаш ќе се променам? Не знам. Дали некогаш јас со потпетица ќе го згазам грлото на мојата гордост? Ако тоа се случи, сакам од тоа грло да протече крв, да се распрсне на сите страни и се она што собирам во себе да излезе на површина, па сеедно да ми биде дали некому воопшто за тие мои чувства ќе му биде грижа.
За тебе нема да ми биде сеедно. Никогаш не ми било.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Празни се скалите...и не само тие.
402071_396286740432494_1237539452_n.jpg