Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Преубаво ми е со тебе,убавино моја!
Не ми се верува дека ова мене ми се случува...чекај бе, мене? Јас имам вакви среќни моменти кај што не сакам да се разделам од тебе?Јас да добивам толку угодности и внимание? Вистина ли е ова што ми се случува?(wasntme)
Се надевам дека ќе потрае подолго. Ми фалиш(hug)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ај успат и да се исповедам.
За него повеке не постојам,му благодарам што и тој повеке за мене.
Кога еден ден вистински ке сака,се она што не му било јасно ке му се разјасни,а се она за кое мислел дека му е јасно ке му се разбистри.
Се тече,се се менува...истото важи и за нашите желби и потреби.
Не постои добра разделба онаму каде што барем едниот од двајцата искрено љубел.
Разделбата е добра само таму каде што љубовта повеке или никогаш не постоела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

LazyMonday

Нов член
30 мај 2012
22
17
3
Како да ти признаам? Како?? Нема врска, бар во моите соништа сме заедно. Ќе морам да се помирам со тоа дека ние никогаш нема да бидеме реалност..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
205241_322271704531849_1161885132_n.jpg
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сакам да ти кажам...кога ќе пораснам ќе те побарам. Каде и да те однесе животот дотогаш, што и да ти се случило, ќе те побарам. Имам многу, премногу прашања за тебе и нејаснотии кои веројатно никогаш да ми бидат јасни и никогаш нема да прашам ниедно од тие прашања.
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
35
Имам толку малку да ти напишам, а толку многу да ти кажам, само почекај, еден ден ке сватиш се, мецо моја :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
од недостиг на време и инспирација,ке се позајмам со нешто веке готово.

Го сакам поради начинот на кој знаеше да ми го убие стравот. Го сакам поради ретките, но никогаш заборавни бакнежи од кои наеднаш зовривам, образите ми стануваа пеколно црвени, а во стомакот ми се разбеснуваат оние смешни ајкули.
Го сакам поради тоа што не може да кажам те сакам, поради тоа што мрази лигавење, а сепак знае толку добро да ми покаже колку му значам. Го сакам поради непредвидливите прегратки од зад грб и поради неочекуваните бакнежи. Го сакав и кога не сакаше да се бакнува, туку само да се гушка.
Го сакам поради некогаш заредените повици во текот на половина час, го сакам затоа што толку смешно се обидува да прикрие кога му недостигам. Го сакам поради начинот на кој пие само топло макијато, но со ладно млеко, без некоја логика. Го сакам поради неговото искуство и поради неговиот цинизам, каде на секој искажан збор има одредена скриена доза љубов која само јас знаев да ја препознаам.
Го сакам затоа што е манијак во кола, затоа што обожава да изиграва Шумахер, но моето присуство го смирува до тој степен што со мене брзинометарот не надминува шеесет. Го сакам затоа што ми дозволува да му го чепкам радиото и рандом да си меморирам мои музички станици. Го сакам поради грижливоста, и поради неговата груба нежност. Го сакам кога ми ја мрази шминката, го сакам кога ме сака разбушавена и поспана, токму онаква каква сум кога ќе станам од спиење. Го сакам затоа што ми купува чоколадо и црвено вино и ме остава да се напијам, а потоа ме трпи и кога се глупирам.
Го сакам затоа што му ги обожавам бакнежите од зад грб додека спијам, затоа што само тој знае да ме однесе на врвот и да ме остави несебично да уживам таму. Го сакам поради неговите години и поради неговата самодоверба за која тој не е свесен. Го сакам затоа што секогаш ми мириса на класична колонска вода, мастики за џвакање и прегорена цигара. Го сакам затоа што само тој може да ме трпи, и кога ќутам и се лутам и кога со часови зборувам како навиена. Го сакам затоа што само тој е тука кога со часови не можам да престанам да плачам, и кога сум неподнослива шмизла.
Го сакам затоа што без него се` ме боли и затоа што без него мојот свет не е цел. Го сакам затоа што знае да ме налути, знае да ме раплаче, но и за исто толку време знае и да ме насмее. Го сакам затоа што ме сака и се бори против тоа. Го сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Го сакам од инат. Го сакам затоа што не сакам да го сакам. Го сакам и тогаш кога мислам дека не го сакам.
Го сакам дури и тогаш кога велам крај. Дури и тогаш кога велам збогум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and JaMi

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Ах кога би можеле да го вратиме времето за година и пол,и се да си биде ко што беше.Од срце го сакам тоа.
Сум те сакала,те сакам и секогаш ќе те сакам.А ти како сакаш понатака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y