Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
I_love_you-quotes04-465x350.jpeg
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Што и да кажам знам дека сум грешка.....што и да направам знам дека и тоа сум грешка....направив многу во животот
сум паѓал и па сум останал на нозе.....но сега стана слаба точка во мене....блискоста и поврзаноста
беше до мене секогаш.....во тешки моменти....исто и јас до тебе....секогаш ги решававме проблемите што не мачеа на мирен начин и гледавме да не се повтори повеке....

Awww некој е заљубен :))) најс ;)

Не те сакам повеке,шо прајме сега?:p
Животот без тебе бил прекрасен.
Да знаев одамна ке ги послушав останатите:)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Постојат зборови и реченици кои тебе не ти се познати.
Постои,згрешив,прости ми.
Постојат доста излези,не е откажувањето единствен излез за време на пожар,суша,поплава...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
I do believe in dreams when I see you. Nonetheless, still I`m petrified of what is to follow, my dearest. For pain has no boundaries.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
уф .. од каде ли да почнам ? имам толку многу ..
Ајде вака тогаш:
Неможам да го кажам со зборови .. затоа што незнам дали се доволни.
Се видовме после 2 години,години помеѓу кои контактиравме, но во сајбер свет,а толку многу сакавме да се видиме, но сепак си имавме свои пречки.
Најпосле се видовме, и тоа на журка, нешто што верувам дека ќе го паметам добро време.
Те здогледав, но мислам во еден момент добив mini heart-attack .. затоа што .. да .. беше до мене .. конечно.
Те гушнав, но не бев при себе, неможев да поверувам дека конечно те видов, конечно те гушнав, едноставно неможев да поверувам дека си конечно до мене.
Да, ти .. ти што ми значиш живот, чувствувам полека дека неможам без тебе, но незнам како да ти го кажам тоа, незнам со кои зборови, незнам како, помогни ми те молам, извади го тоа од мене, за најпосле да бидам среќен, а се надевам и ти.
Сега ќе се гледаме почесто .. и нема да се откажам се додека не те добијам. Не направив никаков потег вечерва, затоа што не сакав да брзам, не сакам да брзам никогаш, сакам се да биде спонтано, полека. Брзата кучка слепи кучиња раѓа.
Те сакам мила, се надевам дека еден ден ќе соберам храброст и ќе ти го кажам ова, пред тебе, гледајќи те во твоите прекрасни очи.
Те сакам.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Што да ти кажам, кога ти ме разбираш со поглед?
Знаеш ли дека секој ден сум се поблагодарна што те имам покрај себе?
И не, љубов не се вечери во ресторани, свеќи, луксузни викенди. Тоа се романтични патетики.
Знаеш што е љубов?
Ова нашево.
Кога насабајле ме прашуваш како сум спиела.
Кога доаѓаш со портокали и едно Bounty кога сум болна, затоа што знаеш дека ми се омилени.
Кога не признаваш дека си уморен од работа и сакаш да ме видиш.
Кога знам дека ми веруваш и се потпираш на мене.
Можеби сум поситна од тебе, ама знаеш дека имам силни рамена.
И знаеш дека те сакам. И не би ги менувала скромните ноќи кога сме покриени со ќебе и делиме чипс.
Затоа што ти ме правиш среќна. Најсреќна.