И уште не ми е јасно што ти бев јас?
Плишана играчка?
Жива барбика?
Да ме земеш и да си поиграш со мене кога ќе посакаш.
Ти здосадува, ме враќаш на место.
На сигурно место, во фиока.
Никој таму нема да ме допре.
А јас чекам.
Чекам да се сетиш на мене и да ме извадиш оттаму, макар на кратко.
Не... Претешко е. Претешко е да те чекам а да знам дека нема надеж.
Велиш времето се ќе каже.
А знаеш ли колку време помина дури си играше со другите играчки?
Можеби и не знаеш, но тоа време е предолго.
Предолго седев во фиока, опкружена со темнина и тага. Без никој околу мене.
Време е да ја видам светлината.
Ех.. заборавив дури и како изгледа..
Сега летам. Летам далеку од тебе, далеку од болката, далеку од се..
Одамна веќе не плачам по тебе.
Нема повеќе солзи...пресушија одамна...
И да, немој да мислиш дека ќе те заборавам...Биди сигурен дека нема...
Никогаш нема да те заборавам...
Лузните кои ги остави вечно ќе ме потсетуваат дека постоиш...
Или...за мене...
Некогаш постоеше...