Посвојување

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ја би ги још поише засакаја маму и тату тк
затој што ептен убаво ме васпитале ( океј пцување не е неваспитаност у куманоо..) и убаво ме израснале и сфе тија работе
а кд би дознаја дека сам посвоен а сфе тој они га напраиле за мене и не су ми биолошки родители
ја би бија још позадовољан од њима !
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Која телепатија значи..баш утрово размислував да отворам оваква тема во која ќе имаше и за тоа дали би посвоиле дете..:)
Аа како би се чувствувала ако се најдам воо таква ситуација најискрено не можам да знам, затоа што тоа треба да се доживее.. можеби ќе бидам лута и повредена, можеби уште повеќе ќе ги засакам луѓето кои ме одгледале или ќе го сменам односот кон нив и се ќе се сведе на почит, а можеби ќе сакам да ги запознаам биолошките родители..
Како и да е не пожелувам никој да се најде во таква ситуација..
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Кога би дознала такво нешто од првин би била лута. Лута на родителите што толку години ја чувале таа вистина од мене, лута на оние што ме оставиле , и лута на судбината. Цел свет би ми се рушил , се што сум знаела ќе исчезне. Би ми требало време да го прифатам тоа дека семејството кое одсекогаш сум го сметала за свој дом , единственото место каде сум безрезервно сакана не ми е ништо крвно сродство. Веројатно би ги преиспитувала во глава оние моменти кога сум можела да приметам дека не се мое вистински родители , но не сум ги запазила доволно. Би ја преиспитувала и љубовта нивна кон мене, дали била доволно силна како да ми се вистински или одсекогаш постоело тоа некое чувство дека сепак сум била туѓо дете. Откако ќе видам дека тоа се најдобрите родители кои животот можел да ми ги даде, би ги сакала и почитувала многу повеќе од порано. Нема други луѓе на светов кои би ги нарекла родители освен нив. Биолошките родители не би ги барала, и навистина не би ме интересирала нивната причина за да ме остават, само би била благодарна за животот кој ми го дале, други чувства кон нив не би можела да развијам.
Доколку тие би ме побарале , би им дала до знаење дека мојата љубов и почит за мајка и татко е веќе подарена кон луѓето што ме одгледале, единствено место во моето срце имаат тие. А вие што сте ме оставиле ви благодарам што не сте ме абортирале и сте одлучиле сепак да се родам во овој свет. Имајте убав живот, може да се слушаме од време на време но ништо понатаму.
Ви простувам затоа што доколку не ме оставевте ќе ги немаше овие мои најродители во мојот живот.

п.с. Со пишувањево ме обзеде некое чувство како навистина да ми се случило ова што го напишав. .... језиво:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Само едно ќе ви кажу: Не су ви родитељи тија што ќе ве направив, него тија што ќе ве израснев, и човека ќе направив од вас.
Сам себе ќе ви се назначу како пример. Мои се трудиле доста време да имав деца. 2-3 покушаја безуспешни, побацен фетус.. јебига. 3 ќи пут упали. 1983 мајка ми роди дете. Ама, на 6 месеца умре. Судбина. Прифатиле га тој, ама после 6 године, голема жељба за дете, потомак ги победи. И ме посинив мене, од градску болницу од Скопје. Кажава ми за тој кд појде у прво оделение. Можда тг и не сам много обратија пажњу на тој, ама у пубертет ме фати некој гнев, сакаше да иду и да ги претепам тија мои биолошки „родитељи“ , не зашто ми е лошо куде овија људи што и дн днска живу сс њима, него чисто да им даду на знање дека ако немав на план да чував деца, немора ни да правив. После тој ми пројде, и никад не сам се заинтригираја да ги најду, нити па сакам у иднину. Бидете благодарни на тој некој што ви е понудија достојан живот и кров над главу. Мање битна е некоја курвичка, што на 15 године се клецкала, и некој цар гу оставија бремену, и незнае што да прави сс тој дете што ќе га носи, па га остава у дом. Тој не е родитељ, не е ни особа која е вредна за да гу познаваш у живот.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Имам другарка која е посвоена и дозна сега брзо од другарките. Многу се смена. Не го слуша „таткото“ ич, почна да пуши, секој викенд оди за Штип и спие кај ќе стигне по другарки и другари, го троши многу намерно и слично. Вистинскките родители не сака да си ги најде, не сака ни да ја знае причината поради која била дадена на посвојување. Чудо од дете е, навистина.
Јас искрено да се најдам во таква ситуација, најпрво би била лута но кога ќе размислам поубаво и благодарна ќе бидам зошто некој ме чувал и израснал без ништо да ми фали. Исто така би ги нашла биолошките родители и би му пљукнала во фаца зошто ме оставиле, копилина. :|
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
ја би ги још поише засакаја маму и тату тк
затој што ептен убаво ме васпитале ( океј пцување не е неваспитаност у куманоо..) и убаво ме израснале и сфе тија работе
а кд би дознаја дека сам посвоен а сфе тој они га напраиле за мене и не су ми биолошки родители
ја би бија још позадовољан од њима !
Го делам истово мислење како Парвати.
Само би додала дека нема да ми е сеедно ако дознаам дека некој имал потреба да ме даде на посвојување.
Би сакала да ја знам причината.
Се зависи и во која возраст ке ја дознаам вистината.
Сега ако ја дознаам на оваа возраст кога сум колку толку зрела :sreken а може и не сум :D се би прифатила поинаку отколку кога би дознала уште кога сум дете.
Сега ми е јасна секоја тешкотија што ја пружи животот,ако не секоја,барем поинаку гледам на работите отколку кога бев дете.
Мада повеке од јасно е дека тие работи се дознаваат многу порано.
Сепак треба тоа да се дознае од самите родители и да се најде соодветен начин како ке му се каже на детето.
Во никој случај не треба да се дознае оваа работа од страна на трети лица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Hkakashi

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Имам другарка која е посвоена и дозна сега брзо од другарките. Многу се смена. Не го слуша „таткото“ ич, почна да пуши, секој викенд оди за Штип и спие кај ќе стигне по другарки и другари, го троши многу намерно и слично. Вистинскките родители не сака да си ги најде, не сака ни да ја знае причината поради која била дадена на посвојување. Чудо од дете е, навистина.
Јас искрено да се најдам во таква ситуација, најпрво би била лута но кога ќе размислам поубаво и благодарна ќе бидам зошто некој ме чувал и израснал без ништо да ми фали. Исто така би ги нашла биолошките родители и би му пљукнала во фаца зошто ме оставиле, копилина. :|
Ете ву гу грешка. Нека размисли како би ву било у дом за сираци, па тг нека прави такој како што прави сга.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Се сложувам со Мелпомена дека во никој случај не треба ваква работа да се дознае од трето лице. Како да не е доволна психичката болка што ќе ја претрпиш од сознанието дека си посвоен, па уште да дознаеш од некој од страна, роднини или уште полошо - другар(к)и. Премногу е. Затоа сметам дека треба уште од помлада возраст да му се каже вистината на посвоеното дете, потешко ќе е, да, посебно во пубертетот кога и без тоа многу работат хормоните, ама кога ќе созрее ќе го цени фактот дека сте биле искрени со него.

Кога би се нашла јас во таква ситуација, би сакала да знам кои ми се биолошки родители. А дали би стапила во контакт со нив навистина не знам... Не би сакала, ама ќе ме копка истото прашање како и секој друг: Зошто? Ама кога веќе би стапила во контакт со нив, само би им поставила неколку прашања и после тоа не сакам ништо со нив. Апсолутно ништо, исто како и дотогаш.

Родителите што ме посвоиле ќе ги почитувам многу затоа што несебично се залагале јас, што не сум од нивна крв, да излезам на прав пат, што биле тука секогаш кога ми биле потребни, што ги трпеле сите мои непромислени глупости...
И се сложувам со сите погоре што кажаа дека родител е тој што ќе направи човек од тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and melpomena

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
оваа го имам почуствувано на моја кожа... посвоена сум... дознав на 9 години од моја братучетка и тоа сето ми го кажа како исмејување, прво не поверував, ги прашав моите, тие ми потврдија... прво плачев, но се помирив брзо... како и да е, во таква ситуација на детето треба да му се каже додека е уште мало, многу полесно ќе се помири и нема да обрне многу внимание... лута не бев никако, немам ни причина... на што да бидам лута?? на тоа што ме зеле? што ме гледаат како принцеза? што ме сакаат повеќе од се?? ги ценам и сакам премногу... тие се моите родители, други немам :sreken е сега што се однесува до биолошките, да сакам да ја запознаам мајката, се обидувам и да ја најдам, но неможам да дојдам до било какви информации, на моите не сакам да ги прашам ништо, знам дека ќе ги боли и нема причина да им ја создавам таа болка... сакам да ја видам само и да ја прашам зошто, единствено тоа ме интересира и да видам дали личам на неа :| се надевам дека еден ден ќе биде и тоа... само знам дека и ако се сретнам со неа, никогаш нема да и го простам тоа и никогаш нема да ја сакам, ниту пак почитувам.... таа за мене ќе остане само некој странец... и среќна сум што имам сега родители и што не сум во дом... им благодарам на мама и тато што ме зеле и пораснале и што ми ја пружиле сета љубов која што може да ја пружи еден родител на неговото дете (inlove)