Сигурно не би ви било сеедно, кога би дознале дека сте посвоени. Во оваа ситуација, повеќето би се чувствувале лути, повредени и очајни. Која би била вашата прва реакција?
Можеби ќе сфатите дека сте среќни со вашиот живот и задоволни од луѓето кои ве израснале, и не би се појавила желба да дознаете повеќе за вашето потекло и биолошки родители.
Што би направиле доколку ви пријдат тие на вас? Што би ги прашале?
Дали вашите чувства би се промениле кон родителите кои ве посвоиле и израснале? Дали би ги сакале помалку? Каков би бил односот помеѓу вас откако ќе го прифатите фактот дека сте посвоено дете?
Кога јас би била во оваа ситуација, мислам дека односот помеѓу мене и луѓето кои ме израснале би се сменил, но не и љубовта. Би ги сакала и почитувала поради тоа што ме избрале токму мене да бидам дел од нивното семејство, и за се што сториле и жртвувале за мене како родители.
Би имала премногу прашања и за нив, и за биолошките родители. Пред се, би сакала да знам зошто ја донеле таа одлука да ме дадат на посвојување.