Ах бреее... Шчо напраиФме... The Beatles да се потценуваат. Ах Џони, врати се види шо си оставил (освен називот за Ленонки).
Пер ај да бидеме реални, Џон Ленон е енглез и нагласокот што го има во песната е чист британски, а тоа америчкото на Били ја уништуе песната до коска. Плус тоа таа песна (како и повеќето негови) се направени у Хипи добата, па и самиот Ленон бил хипик. Како што гледаш таму во таа песна го кења системот кој го живеел и го осеќал на своја кожа. И на крај ми се наоѓа некој курназ ко Били и ја преработува песнава и ми става некои црнци од етиопија шо зборат како у етиопија е предизвик да доживееш 20 години оти ќе те убијат за да те изедат. Ајде бе не ме дупи. Џон Ленон на таа песна и` дал поента, и` дал живот, и` дал смисла затоа што тоа што го пее му излегува директно од него, а Грин деј направиле шунд од песнава. Ја разбирам да направиш кавер од почит, еве погледни ги Дрим Тиатр какви кавери прават од почит кон бендовите со кои израснале, ама ова е „Ај ќе напраам кавер од Ленон пошо он е многу почитуван и ќе си ја кренам славата малку со тоа“. Седи бе.
Ах, знаев дека погрешно ќе ме сфатиш ама нема врска. Никој не ги негира Битлси пер, тие си се легенди живи и имаат влијаено врз музиката од многу аспекти. Јас го поштувам Ленон и не ја негирам неговата способност да направи добра музика, само реков мој личен став е дека каверот од Грин Деј е доста добар и мене ми се свиѓа, што не значи дека мора да сме истомисленици околу ова. Точно е дека овие работи се случувале во времето на Ленон и дека подобро би знаел душевно да го внесе тоа во музиката, тоа не го оспорувам јас, ама незначи дека неговата песна неможе и некој друг добро да ја отпее, еве и нека не бидe Били Џо.