Грин Деj (Green Day) | Црнобело Форум

Грин Деj (Green Day)

Blue

Нов член
14 февруари 2012
19
22
3
Green Day e името на американската панк-рок група формирана во 1987 година. Бендот се состои од главниот вокал и гитарист Били Џо Армстронг, басистот и пратечкиот вокал Мајк Дирнт и од тапанарот Тре Кул. Кул го заменил Џон Кифмејер во 1990 година , за време на снимањето на вториот студиски албум на бендот Kerplunk и од тогаш до сега тој е член на бендот.
Имаат снимено 8 албуми:
И последниот, Awesome As F**k е албум со изведби од турнеите.

Кое е вашето мислење за нив? Дали ги слушате? Кои ви се омилени песни?
Јас ги обожавам. Едвај чекам да извадат нов албум и да имаат концерт.:)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Green Day e името на американската панк-рок група формирана во 1987 година. Бендот се состои од главниот вокал и гитарист Били Џо Армстронг, басистот и пратечкиот вокал Мајк Дирнт и од тапанарот Тре Кул. Кул го заменил Џон Кифмејер во 1990 година , за време на снимањето на вториот студиски албум на бендот Kerplunk и од тогаш до сега тој е член на бендот.
Имаат снимено 8 албуми:
И последниот, Awesome As F**k е албум со изведби од турнеите.


Кое е вашето мислење за нив? Дали ги слушате? Кои ви се омилени песни?
Јас ги обожавам. Едвај чекам да извадат нов албуми да имаат концерт.:)

Браво за темава. Ако не ја отворeше некој, јас ќе ја отворев ;) А за омилена песна не можам да издвојам, само ќе речам сите песни им се добри :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,016
9,644
1,683
Normandy
Добри се... Иако панкот што го свират, на почеток може да делува монотон, сепак имаат доста матерјал зад себе. За оние што навлагаат во нивната музика може комотно да почнат со American idiot - лесен албум, изобилува со се по нешто. За нив знам од поодамна, некаде кога им искочи горенаведениот албум почнав да ги слушам поозбилно. За Basket case ја имам од ерата на аудио касетите - снимав од радио тогаш. Според мене најдобри албуми ми се Kerplunk, Dookie, Nimrod и American idiot. Мада и овој Insomniac има добри песни. Е коа сме веќе кај песните мерак ми праат: Basket case, Welcome to Paradise, She од спојот на Dookie и Kerplunk заедно со 80. Од Nimrod, the Grouch, Scattered, Jinx-Hausinka а од American idiot (албумот кај што малку забегаа во комерцијала): Jesus of suburbia, boulevard of broken dreams, St Jimmy и Letter bomb.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Blue

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
299
63
Не ги слушам многу. Оваа песна им е добра, навистина

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva