Има цела тема за љубовни проблеми и совети, ама небитно, ќе преместат модераторите.
Е сега, месец дена ти е многу краток период за да запознаеш некого, а уште помалку да му судиш.
Може да бидете другари со години, но другарското и однесувањето во врска се сосема различни.
Плус има многу фактори кои би потпомогнале, а не си ги набројала.
Колку ти траела претходната врска? Колку била сериозна? Што е она што ја предизвикало таа недоверба кај тебе? Колку време после раскинувањето си го фатила новиов?
Оти најлошо нешто е веднаш после раскин да бараш утеха во друг. Не за друго, туку затоа што сеуште го бараш претходниот во другиов, и поради тоа стариот страв ти се пренел врз новата врска.
Што поточно е она од кое се плашиш?
Влијанието од претходната врска, со која очигледно, длабоко во себе, немаш расчистено, или дечково сега има некој статус на лажго, женкар или нешто слично?
Мислам, очигледно е дека е првото, ама мораш прво да си признаеш себеси дека е така.
Претходната врска е претходна, минато. Сега е сосема ново и еден месец ти е премалку за да би донесувала такви одлуки дека ќе те напушти и остало, кога дечкото упорно ти тврди дека нема.
Јас те сфаќам, знам како е кога ќе изгубиш доверба во нешто и после тешко дека се враќаш на старата патека.
Ама ова ти е нова личност, дај му време да се докаже. Гледаш, секој ден се гледате, сака да е со тебе, те бара, те моли да не раскинувате, тоа укажува дека му значиш.
Е сега тоа со односите нормално, млад е, му се сака, ама тоа е веќе ваша одлука.