Постите ли?

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Лани и преклани за велигден, али последниот пат се оболев од првут и сува кожа, така да годинава баталив. А не е лошо, после 48 дена месото е повкусно и ждереш како вепар :D.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Повеќе од јасно. Дали некој од вас пости? Сеедно дали овие (велигденскиве) или онака општо. Каков е воопшто вашиот став кон ова?
Јас да, постам веќе неколку пати по ред, порано не знаев што, како и избегнував само јадење, а сега внимавам на јазикот и умот.. секако и на телото :))

Не постам од здравствени причини.А и да можам да постам, не би постел од причина што за да се пости мораш да имаш чисти мисли пред се’.Јас тоа го немам.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Постот почна да зависи само од она што се внесува во телото (храна) и бакнежот. Постот е многу повеќе од тоа. Пред да се почне со пост редно е да се оди во црква и да се исповедаме, да се исчистиме од било какви гревови со покајание. За време на постот не треба да се има грешни мисли, не треба да се зборуваат погрдни зборови , најмалку пцовки. Време во годината кога имаме шанса да се исчистиме од некои грешки кои сме ги направиле свесно а можеби и несвесно.

Да постам, секоја година но се уште не сум се осетила спремна за да ги испостам 6те недели. Најчесто првата и последната ги постам.
 

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Неможам да го постам цел поост бидејќи неможам без млеко да издржам 40 дена. Инаку постам или една или две недели пред причесна и обавезно се знае секоја година се причестувам :)
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Њет.
Ептеееем некопут, 1 пут у месец некој петак и толко. И тија битни кт су, 2 дна пред велигден и сл. Некопут кт ке ме изнервирав дома сви постив а ја од инат се утепам едејки саламу цел дн.