Постот не е само воздржување од јадење храна од животинско потекло..постот подразбира воздржување од се’ она што ни причинува задоволство (цигари, алкохол, секс, бакнежи, храна), постот бара смирение на душата - да не се караш, да не зборуваш лошо, да не пцуеш, да бидеш скромен и сл.
Во секој случај мислам дека е многу побитно да бидеш
човек 365 дена во годината зашто не може да грешиш на секој чекор и да очекуваш постот да ти ги брише гревовите....Забегав малку...
Како и да е, не сум постела досега...почитувам пост и луѓе што постат со душа и тело и не се фалат околу тоа, а страшно ме нервираат новопечени верници (а познавам многу такви) на кои постот им е како помодарство демек сите постат па ајде и јас...